Модринки или модрици како што најчесто ги нарекуваме, всушност се хематоми или крвавење кое настанува при оштетување на крвниот сад.
Модринките најчесто се предизвикани од удар, но на нозете и телото можат да се појават и без физичка повреда, а промената на бојата на кожата е предизвикана од истекување на крв во поткожното ткиво.
Ако почнат да ви се појавуваат модринки кои не се причинети од удар, треба да одите на лекар и да ја откриете нивната причина. Имено, лекарите предупредуваат дека спонтаните модринки не се толку безопасни како што мислат луѓето. Ова се некои од најчестите причини:
1. Земање лекови
Некои лекови може да влијаат на составот на крвта и да резултираат со полесно излевање на крвта. Најчесто тоа се антидепресиви, аналгетици, антиинфламаторни лекови, лекови кои содржат суплементи на железо или лекови за третман на астма.
Лекот кој ја разредува крвта и најмногу придонесува за формирање на модринки е несомнено аспиринот. Ако сте забележале поврзаност помеѓу земање лекови и модринки, обратете се кај вашиот лекар, бидејќи тоа е показател дека имате зголемен ризик од внатрешно крвавење.
2. Болест на крвта
Болестите на крвта и крвните садови можат да бидат причина за модринки. На пример, проширените вени, Вилебрандова болест, тромбоцитопенија или леукемија често предизвикуваат проблеми со циркулацијата, пишува Bright Side.
Не ја одложувајте посетата на лекар, особено ако покрај хематомите забележите и други симптоми, како болка, отекување на нозете, крвавење од непцата, мали капиларни точки на телото или крвавење од носот.
3. Недостаток на хранливи материи
Витаминот Б12 игра важна улога во циркулацијата, витаминот К е одговорен за коагулација, а витаминот Ц игра клучна улога во формирањето на ново ткиво. Без овие хранливи материи, садовите можат да станат многу кревки и склони кон пукање.
Друга важна хранлива материја е витаминот П, без кој е невозможно производството на колаген, а во случај на негов недостаток, садовите стануваат потенки и општата состојба на кожата се влошува. Исто така, важна е состојбата со железото во крвта, кога е премногу или премалку, состојбата со капиларите се влошува.
4. Хормонален дисбаланс
Промените во хормоните се една од најчестите причини за модринки, а во овој случај се појавуваат како резултат на недостаток на естроген. Тоа најчесто се забележува кај состојби како менопауза, бременост, после породување, при земање хормонска терапија и слични ситуации, а се проверува и според нивото на хормоните во крвта.
5. Промени поврзани со стареењето
Кожата станува потенка, а со тоа и почувствителна и „проѕирна“. За тоа придонесува и неумереното изложување на кожата на сонце, а причината е губењето на еластичноста нормално поврзано со стареењето.
6. Дијабетес
Дијабетесот има негативно влијание врз циркулацијата, па луѓето кои боледуваат од него лесно се дебелеат. Исто така, тие можат да бидат самиот симптом на болеста во раните фази на развој. Други симптоми вклучуваат постојана жед, замор, заматен вид и бели дамки на кожата.
За повеќе корисни содржини заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „МАСКА КОЈА ГИ „ЧИСТИ“ МОДРИНКИТЕ: Мевлемот од оваа билка е најделотворен, а многу лесно се прави“ – ОВДЕ.