Потребни состојки:

1 краставица

1/4 плод од ананас

1 китка магдонос

1 китка целер

Постапка:

Измијте ги добро намирниците.

Краставицата исечете ја на тркалца заедно со кората.

Ананасот внимателно излупете го од горната кора, а пулпата исечете ја на коцки.

Магдоносот и целерот исечкајте ги само листот, без гранчињата.

Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека да се изедначи смесата.

Пијте го овој напиток наутро на гладен стомак.

Не смеете да го засладувате со шеќер, мед или вештачки засладувачи.

Мора да го испиете најдоцна 15 минути откако сте го приготвиле, бидејќи колку стои подолго, толку повеќе ги губи лековитите својства.

Се користи само седум дена, а постапката можете да ја повторите по еден месец пауза.