Ѓумбирот е многу популарен и мултикорисен зачин што се користи илјадници години. Богат е со есенцијални витамини и минерали. Најпознат е по антиинфламаторно дејство, кој е исклучително погоден за ревматски заболувања, а воедно е и најдобар лек против гадење.
Ѓумбирот содржи соединение наречено гингерол кое поседува моќни лековити својства и може да делува потткнувачки во борбата со вирусни и бактериски инфекции.
Гингеролот е главната биоактивна компонента на ѓумбирот. Тој е одговорен за повеќето лековити својства на ѓумбирот. Има моќно антиоксидативни и антивоспалитени својства.
Гингеролот може да го намали ризикот од развој на поголеми инфекции. Тој се смета за одговорен и за инхибирачкото дејство на ѓумбирот врз развојот на многу бактерии од различни видови.
Ѓумбирот може да помогне при гадењето и нагонот за повраќање. Традиционално се употребувал при мачнини и гадење, особено при оние нагони за повраќање кои се појавуваат наутро.
Помага за намалување на б олките во мускулите. Антивоспалителните својства на ѓумбирот можат да помогнат кај остеоартритисот. Остеоартритисот е многу чест здравствен проблем, особено кај постарите лица. Оваа болест подразбира дегенерација на зглобовите во телото, што води до хронични б олки и вкочанетост во нив.
Ѓумбирот може драстично да влијае на намалување на шеќерот во кр-вта и да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Ѓумбирот може значително да ги намали менструалните б олки.
Ѓумбирот може да помогне во намалувањето на нивото на холестерол во кр-вта. Исто така помага при превенција кај Алцхајмеровата болест. Ваквата состојба е доста честа појава кај постарите лица.
Ѓумбирот има многу богат состав. Содржи калиум и манган (затоа е добар за срцето и превенцијата од болести), како и витамини А, Ц и Б комплекс. Поради своите антиинфламаторни и аналгетски ефекти, се користи за помош при б олка и воспаление. Помага при б олки во мускулите и грбот и грчеви во менструацијата.
Лековити својства на ѓумбирот: помага при варење на храната, го ублажува гадењето, го намалува лошиот холестерол и шеќерот во кр-вта, се користи за респираторни проблеми и кашлање, ја намалува температурата, ја стимулира циркулацијата на кр-вта.
Пиво со ѓумбир во домашни услови
Подготвувајќи пиво од ѓумбир, ќе добиете супер здрав ферментиран пијалак. Доброто здравје и ферментираната храна одат рака под рака. Придобивките од ферментираната храна се безброј, а меѓу најважните е здравствената рамнотежа на дигестивниот систем, што е особено важно за добар имунитет.
Ферментиран пијалак од ѓумбир – пиво
Потребни состојки: 5 цм мелен свеж корен од ѓумбир, половина чаша кафеав шеќер, половина чаша сок од лимета или лимон, ¼ лажица морска сол (прстофат), 8 чаши вода, половина чаша ферментиран квас (овој рецепт го има подолу во текстот).
Подготовка: Зовријте 3 чаши вода заедно со шеќерот, прстофат сол и ѓумбирот. Оставете го да се загрее додека шеќерот да се растопи. Додајте го остатокот од водата и почекајте да се излади на собна температура.
Додајте сок од лимон и ферментираниот квас. Истурете го пивото во теглата и добро затворете го за да не навлезе воздух. Оставете го да отстои 2 – 3 дена додека да стане газиран и пенлив пијалакот доколку го сакате безал-ко-холен. Процедете го во шишиња и чувајте го во фрижидер. Во спротивно, оставете го подолго.
Брзината на ферментација на пивото зависи од надворешната температура, видот на шеќерот и концентрацијата на квасот. Конечниот производ треба да има вкус на ѓумбир со специфична арома на квасец. Не оставајте го пивото да ферментира долго време бидејќи може да се случи мини екс-пло-зија. Чувајте го пивото во фрижидер.
Како да направите ферментиран квас од ѓумбир
Квасот на ѓумбир е всушност еден вид слично како комбухата што можете да ја направите дома.
Потребни состојки: 1 – 2 корења од ѓумбир, половина чаша шеќер, 2 чаши филтрирана вода.
Постапка: Во зовриената или обична вода се растопува 3 лажици шеќер, а откога ќе се излади течноста се додаваат 3 лажици рендан корен од ѓумбир. Се меша со дрвена или пластична лажица, а не со метална и се покрива со газа за да може да ферментира.
Додавајте по 1 лажица сечкан ѓумбир и 1 лажица шеќер секој ден во текот на 5 дена. Во зависност од температурата, зреењето може да трае до 8 дена.
Квасот е подготвен кога ќе се формираат меурчиња, од теглата ќе се ослободува сладок мирис на квасец, а течноста ќе има матна боја. Ако се појави мувла, само отстранете ја. Ако смесата ги нема овие карактеристики по 7 – 8 дена, фрлете ја и обидете се повторно.
За да може квасот да расте, продолжете да го храните со шеќер и ѓумбир подеднакво. Може да го чувате во фрижидер, а за се одржува, додавајте шеќер и ѓумбир еднаш неделно.
Кога сакате, активирајте го квасот на собна температура. Можете да го користите квасот за да подготвите ферментирани пијалаци и газирани пијалаци: во количина од ¼ чаши на 1 литар течност. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска