РЕЦЕПТ 1 – ПОСНИ БОМБИЦИ СО ВКУС НА ПОРТОКАЛ. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 замрзнат портокал, 100 г посен маргарин, 250 г мелен посен бисквит, 150 г шеќер во прав, 50 г посно бело чоколадо, 150 г посно темно чоколадо + 2 лажички масло
ПОСТАПКА: Портокалот смрзнете го за да можете полесно да го изрендате. Во тенџере растопете го путерот на многу ниска температура, па додајте го шеќерот во прав и мешајте за да се соединат. Во оваа смеса додајте го ренданиот портокал и уште еднаш промешајте додека да се изедначат состојките.
Добиената смеса претурете ја во посебен, длабок сад, па додајте ги мелените посни бисквити. Промешајте додека убаво да се впие сета течност. Смесата оставете ја малку во фрижидер да се стегне, а потоа вадете од неа и со помош на дланките формирајте топчиња со големина по ваша желба.
Топчињата редете ги врз хартија за печење. Потоа растопете го чоколадото со малку масло и мешајте додека да се добие сјајна глазура. Секое топче потопувајте го чоколадото и редете го врз хартијата. По желба растопете и бело чоколадо, па можете дополнително да ги шарате.
РЕЦЕПТ 2 – ПОСЕН РОЛАТ. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 125 г кршени посни бисквити, 125 г мелени посни бисквити, 250 г шеќер во прав, 100 г посно чоколадо, 100 г посен маргарин, 125 г мелени лешници, 125 г мелени ореви, 100 мл сок од портокал
ПОСТАПКА: Растопете го путерот на тивок оган па додајте го шеќерот во прав. Кога ќе се соединат во смесата додајте го посното чоколадо искршено на коцки и промешајте додека и тоа да се растопи и соедини. Сите други состојки измешајте ги во еден подлабок сад, па прелијте ги со оваа смеса.
Промешајте, а сокот од портокал додавајте го потреба до посакуваната густина. Добиената смеса распоредете ја надолжно врз парче фолија, обликувајте го ролатот со раце и завиткајте го во фолијата. Оставете го во фрижидер на ладење за да се стегне пред сечење.
РЕЦЕПТ 3 – ПОСЕН КОЛАЧ СО БИСКВИТИ. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г мелени бисквити, 100 г мелени лешници, 100 г маргарин, 100 г чоколадо, 200 мл сок од портокал. ПОСТАПКА: мелените кекси поделете ги во два сада по 150 г. Маргаринот растопете на тивок оган, па половина ставете во едниот сад, а половина во другиот.
Во првиот сад додајте 100 г растопено чоколадо и промешајте додека да се изедначи смесата. Додајте малку сок од портокал додека да ја добиете посакуваната густина. Смесата е готова кога може лесно да се формира со раце, без да се рони, а да не се лепи.
Во вториот сад додајте ги мелените лешници и малку сок од портокал. Промешајте додека да се изедначи смесата. Пригответе парче хартија за печење и распоредете ја белата смеса. Одозгора поставете уште едно парче хартија, па со помош на оклагија развлечете за да добиете тенка кора.
Потоа врз белата кора распоредете ја чоколадната смеса, па повторно со хартија одозгора развлечете со оклагијата. Оставете да се лади во фрижидер, а потоа сечете на штанглички или коцки, по желба.
РЕЦЕПТ 4 – ПОСНИ РУМ ТОПЧИЊА. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г мелени бисквити, 150 г шеќер во прав, 100 г стопена чоколада, 100 г стопен маргарин, арома на рум по вкус (3 капаченца или по вкус)
ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете ги мелените посни бисквити, додајте 150 г шеќер во прав, растопеното чоколадо, растопениот маргарин и малку арома на рум околу три мали капачиња или по ваш вкус.
Промешајте ја смесата, а доколку е сува додајте малку сок од портокал додека да ја добиете посакуваната густина. Добиената компактна смеса оставете ја малку да се стегне, па формирајте топчиња, валкајте ги во трошки и редете ги во хартиени корпички.
РЕЦЕПТ 5 И 6. ПОСНИ ТОПЧИЊА ОД ПУДИНГ. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл сок од портокал, 1 пудинг од ванила, 100 г шеќер во прав, 100 г маргарин, 90 г кокосово брашно, 200 г мелени лешници
ПОСТАПКА: во едно тенџере ставете 400 мл сок од портокал, а во 100 мл сок додајте прашок од пудинг и добро разматете го за да нема грутчиња. Во сокот додајте и 100 г шеќер. Кога ќе се загрее додајте го разматениот пудинг и варете со непрекинато мешање додека да се згусне.
Сварениот пудинг оставете го на страна да се олади, а потоа во него додајте го посниот маргарин омекнат на собна температура и пенасто изматете со миксер за да се соедини. Смесата поделете ја на два еднакви делови.
Во првиот дел постепено додавајте кокос и промешајте додека да се изедначи смесата до посакуваната густина. Во втората смеса додајте ги мелените лешници и исто така промешајте до изедначување. Од двете смеси формирајте топчиња, од кои првите валкајте ги во кокос, а вторите во мелен лешник. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.