Неодамнешните студии покажаа дека модерните домови не се толку безбедни и дека кријат супстанции кои го загрозуваат здравјето. Бројни производи кои се наоѓаат во нашите домови содржат состојки кои можат да предизвикаат сериозни болести. Затоа е најдобро да се ослободите од нив или да ги користите во помали количини…
ОСВЕЖУВАЧИ ЗА ПРОСТОРИЈА
Експертите утврдиле дека многу од освежувачите ја влошуваат астмата и влијаат врз репродуктивниот развој, бидејќи се преполни со токсични и опасни материи.
Со користењето на освежувачите, концентрацијата на штетните (канцерогени) материи во внатрешноста на нашиот дом е 100 пати поголема отколку во надворешниот простор. Наместо нив, најдобро е да користите етерични масла кои го имаат истиот ефект, а не му штетат на нашето здравје.
СВЕЌИ
Студијата направена од страна на Комисијата за потрошувачки производи во Америка, покажа дека 40% од свеќите кои можат да се најдат во слободна продажба, содржат оловни жици внатре во фитиљот.
Изложеноста на поголеми количини олово посебно е штетно за децата, може да доведе до хормонално пореметување, проблем во однесувањето, потешкотии во учењето и други здравствени проблеми.
БОИ И ЛАКОВИ
Боите и лаковите содржат испарливи соединенија кои доведуваат до појава на рак, но и бројни други заболувања. Посебно чувствителни на овие токсини се децата, бидејќи нивниот имун систем е недоволно развиен. Бидете внимателни при ракувањето со овие производи и наместо нив користете бои на растителна база.
Исто така, користете лепак, бои и маркери на водена база, а одбегнувајте ги оние кои содржат ацетон, хексан, хептан или тоулен.
ШАМПОНИ
Можеби сте изненадени, но треба да знаете дека обичните шампони се преполни со отрови. Меѓутоа, влијанието на овие токсини сеуште се тестира, па научниците не се сигурни дали предизвикуваат рак или не. Ако сте загрижени, користете природни шампони.
АНТИПЕРСПИРАНТИ
Обичните дезодоранси и антиперспиранти главно содржат состојки кои можат да предизвикаат канцер. Овие производи се направени така да останат во нашето тело долго после нанесувањето, со што се зголемува апсорпцијата на хемикалии низ кожата. Одбегнувајте опасни производи и користете природни алтернативи.
ЗАВЕСИ ЗА ТУШ КАБИНА
Пластичните завеси за када и туш кабина ослободуваат отровни хемикалии. Тие емитираат опасни супстанции, т.е. испарливи органски соединенија. Намалете ја употребата на овие производи и вашиот дом ќе стане подобро место за живеење.