За ослободување од токсините во крвта, зголемување на еластичноста на крвните садови и нивно чистење од наслаги, се препорачува нивно прочистување кое може да се направи на неколку начини: со консумирање на природни препарати, со земање лекарства, плазмафереза и ласерско чистење.

Важно е да се знае дека чистењето на крвните садови со лекови предизвикува доста контраиндикации. Нивната примена е последниот чекор, кога ниедно друго средство не помага. Затоа, чистењето на крвните садови од наслаги од холестерол со помош на природни средства и народни лекарства е побезопасно, но затоа овој третман бара внимателност и правилен пристап, за да не му наштетите на здравјето.

Лукот и лимонот се сметаат за одлични намирници кои ги чистат крвните садови, кои го намалуваат лошиот холестерол, ги јакнат ѕидовите на крвните садови и го намалуваат ризикот од опасни болести како што е атеросклерозата.

Тинктурата со лимон и лук се користи во народната руска медицина веќе со векови наназад.

Исто така, оваа лековита тинктура го спречува формирањето на канцерозни клетки што е повеќе пати потврдено со научни истражувања. Лукот содржи голема количина антиоксиданси кои му даваат својства за регенерација и подмладување.

 

РЕЦЕПТ

 Потребни состојки:

 

4 главици лук

4 средни лимони

3 литри дестилирана (или превриена) вода

 

Постапка:

 Лукот поделете го на чешниња и исчистете ги. Лимоните прелијте ги со врела вода, па исечкајте ги на парчиња. Сето смелете го на машина за мелење месо.

Смесата ставете ја во стаклена тегла од 3 литри, прелијте со топла вода до врвот. Затворете ја теглата и оставете ја во фрижидер три дена. После тоа, процедете и чувајте во фрижидер.

 

Употреба:

Максималната доза од напитокот е по 50 мл трипати дневно, пред оброк.

Сепак, за чистење на крвните садови треба да се започне со помала доза (1-2 супени лажици).

Ако нема никакви непријатности, тогаш дозата треба постепено да се зголемува.

Терапијата трае 40 дена. Се препорачува да се спроведува еднаш годишно, со консултација на лекар.

По консумацијата се забележува подобрена циркулација на крвта и подобрување на липидниот состав, нормализирање на крвниот притисок, подобрена мозочна циркулација, + бонус= помалку килограми.