4 јајца и јогурт…за 5 минути направете ПРОТЕИНСКИ ДЕСЕРТ без брашно! МЕК КАКО ПАМУК! Многу вкусен колач кој ќе го правите секој ден. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца (жолчки и белки одвоени)
400 г цврст јогурт или кисела павлака
40 г шеќер
50 г скроб/нишесте/густин
2 г прашок за печиво
1 прстофат сол
40 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер

ПОСТАПКА:

Во еден сад измешајте ги жолчките со цврстиот јогурт, шеќерот, скробот и прашокот за печиво. Изедначете во еднолична смеса без грутчиња.

Во друг посебен сад пенасто изматете ги белките со прстофат сол, а потоа додајте им го шеќерот и ванилата.

Во цврстиот снег од белки започнете постепено да ја додавате смесата со жолчки. Мешајте рачно за да остане смесата пенлива и воздушеста.

Длабок калап со флаксибилен обрач (20 см) обложете го со хартија за печење. Истресете ја целата смеса во него, па протресете го и потчукнете го од подлогата за да се распореди рамномерно.

Калапот ставете го во длабок плех, а во плехот истурете врела вода. Ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени, 50 минути.

Печениот колач оставете го да се олади.

па отстранете го обрачот и хартијата за печење, па одозгора посипете го со шеќер во прав.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.