Во летните денови, домаќинките посегнуваат по подготовка на брзи и свежи салати кои можат да го заменат ручекот или вечерата, наместо да поминуваат долги часови над шпоретот и да се вжештуваат. Во продолжение ви ги претставуваме овие три класични салати: со туна, компир и тиквички. Еве што ви е потребно:
САЛАТА СО ТУНА (ПРВ РЕЦЕПТ) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г краставици, 100 г машнички тестенини или други тестенини, 2 јајца, половина главица зелена салата, 1 пиперка (јас користев половина црвен рог пиперка и половина жолта или зелена пиперка), 150 г слатка пченка, 150 г конзервиран црвен грав.
И УШТЕ: 1 среден кромид, 1 чешне лук, 1-2 моркови со средна големина, сок од еден лимон, 2 големи лажици екстра девствено маслиново масло, 4-5 мини домати, 200 г конзервирана туна, 80 г фета сирење, малку магдонос (класичен сечкан или француски – само листовите се сечат на парчиња).
САЛАТА СО КОМПИР И МЕШУНКИ (ВТОР РЕЦЕПТ) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г замрзнати мешунки, 600 г компири сосе кора (доколку се млади), 1 свежа краставица, 1 свежа пиперка, помала главица кромид, малку масло и оцет, половина лажичка сув копар (по избор ако го имате), мини домати за декорација и вкус (опционално).
САЛАТА СО ТИКВИЦИ И КОМПИР (ТРЕТ РЕЦЕПТ) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г компири, 300 г тиквички, 1 свежа пиперка (црвена слатка), 1 главица кромид, 1 чешне лук (или млад кромид), 100 г шери домати, сол, црн пипер, јаболков оцет, маслиново масло (екстра девствено).
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Веднаш на почетокот делумно излупете ја краставицата, па исечете ја на тенки листови, посолете и оставете ја така до употреба.
Сварете ги јајцата додека жолчката да се стврдне, а тестенините гответе ги според упатствата на пакувањето во солена вода, но не ги преварувајте.
Зелената салата се мие под млаз ладна вода и се сече на ленти. Додајте ја ситно сечканата пиперка во салатата. Со салфетка избришете ја водата од краставиците, па додајте ги и нив во салатата. Додајте ја слатката пченка, црвениот грав од конзерва, кромидот исечен на прстени, ситно сечканиот лук и ренданиот морков.
Добро измешајте и оставете да отстои најмалку 15 минути во фрижидер да се излади. По изминатото време, додајте свежо мелен пипер, сол, сок од лимон и екстра девствено маслиново масло. Измешајте и премачкајте го садот во кој ќе ја послужите салатата.
Над ладната салата веднаш додајте мини домати (шери), изладените тестенини, конзервираната туна, варените јајца исечени на четвртинки и магдоносот, исечкан на француски начин или класично на ситни парчиња. Сè може убаво да измешате и да послужите.
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во вода сварете ги мешунките и компирите сосе кората. Компирите згответе ги со кора. Кога ќе омекнат, процедете ги од водата и оставете да се изладат приближно 10-тина минути.
Исечете ја свежата краставица, запиперете и посолете, а веднаш додајте ги во неа изладените компири кои претходно сте ги излупиле. Во истиот сад додајте ги мешунките, кромидот исечкан на прстени, оцетот и малку масло.
Сè убаво измешајте и наросете со сув копар ако имате (може и со некој друг зачин). Добро изладете и летната салата е подготвена за послужување. По желба одозгора можете да ставите и неколку шери домати.
ПОСТАПКА ЗА ТРЕТИОТ РЕЦЕПТ: Зответе ги компирите сосе кора околу 20-25 минути додека да омекнат, но не премногу за да не се распаднат. Делумно излупете ги тиквичките како што е прикажано во видео рецептот, па исечете ги на коцки и пропржете ги кратко време (неколку минути) со неколку капки маслиново масло.
Извадете ги тиквичките од тавата и ставете ги во посебен сад (во кој ќе ја направите оваа салата) и чувајте ги во фрижидер додека да се подготвени за употреба.
Варените компири измијте ги под млаз ладна вода и оставете ги да отстојат во водата додека да се изладат.
Потоа, излупете ги компирите и исечете ги на тенки кришки, не премногу тенки, па додајте ги во тиквичките. Додајте сечкана црвена пиперка, ситно сечкан кромид, лук или уште подобро наместо лук, малку млад кромид и шери доматите.
Додајте сол, црн пипер, јаболков оцет и маслиново масло, сè добро измешајте и послужете со ситно сечкан власец. Деталите за првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ, за вториот рецепт ОВДЕ, а за третиот рецепт ОВДЕ.