Листот на лимонот, овошјето и кората од овошјето се јадливи. Од кората на лимонот се прават разни сирупи, и чаеви. Но, најважно е да користите непрскан лимон. Ако не сте сосем сигурни дека лимонот се одгледува органски, подобро да ја фрлите неговата кора.

НМД.мк

Но, кората од непрскан лимон е вистински извор на здравје. Го забрзува распаѓањето на мастите поради пектин, има корисен ефект врз жолчката, ги намалува маснотиите во кр-вта, го намалува кр-вниот притисок и холестеролот, па затоа е одлично доколку го додавате во разни сирупи и рецепти за зајакнување на имунитетот.




Следните рецепти немаат некое посебно име, а сите се наменети за зајакнување на имунитетот. Поконкретно под секој рецепт може да прочитате за што помага па според тоа да го направите тој што вам ви треба.

I РЕЦЕПТ. Потребни состојки: 2 ловорови лисја, кора од 1 лимон, 500 мл вода. Постапка: Ловоровиот лист го спречува воспалението и б олката во стомакот. Одличен е при иритација и доколку ви се јавува б олка веднаш после јадење.




Користете органска кора од лимон која позитивно влијае на црниот дроб, перисталтиката на цревата и ги смирува нервите. Оваа комбинација има трипати зголемено дејство доколку се користи на овој начин. Кората од лимонот истретирајте ја со раствор од сода бикарбона доколку не е органска.




Во тенџере на рингла додајте ја водата и лимоновата кора. Потоа додајте ги и ловоровите лисја. Гответе на ниска температура со повремено мешање, 5 – 10 минути. По изминатото време, префрлете го чајот во подлабок сад или шолја.

Поклопете и оставете да отстои 20 минути. Потоа процедете и додајте уште малку сок од лимон во напитокот по желба. Конcyмирајте секое утро на празен стомак, може да дозирате до трипати дневно или да го пиете по јадење на тешка храна. По 3 дена, ќе забележите подобрување. Терапијата трае 3 дена, а потоа направете пауза од 1 седмица. По потреба повторете ја терапијата.

NMD.mk

II РЕЦЕПТ. Потребни состојки: 500 г мед (користев ливадски) и тегла од 700-800 мл (не помала), 2 средни или 1 голем корен од ѓумбир, сок од 1 лимон или цел лимон исечен на парчиња, 3-4 чешниња (или 1 мала главица) лук.




Постапка: Изрендајте го ѓумбирот, исцедете го сокот од лимон или пресечете го на парчиња, ситно исечкајте го лукот. Ставете го сето ова во тегла со мед, но не ја преполнувајте (треба да биде наполнета малку повеќе од половина), бидејќи лимонот и ѓумбирот ќе ослободат сок.




Дури тогаш дополнете ја теглата со мед. Ако сте болни и настинати, јадете по 3 лажици на ден. Поради превенција и зајакнување на имунитетот, доволно е 1-2 лажици на ден, половина час пред оброк.




III РЕЦЕПТ: Сируп против упорна кашлица – стар и проверен рецепт со камилица и ловоров лист. Фото и рецепт: Верица Николиќ. Потребни состојки:  200 г шеќер, 300 мл вода, 1 лажица сув цвет од камилица, 1 лажица бел слез, 6 ловорови листови, 7 прстофати сува жалфија.




Постапка: Во суво тенџере ставете го шеќерот, па на тивок оган оставете го да се растопи и да се карамелизира. Кога ќе добие убава карамелова боја додајте ја водата и оставете на оган додека целосно да се растопи скаменетиот шеќер.




Кога шеќерот целосно ќе се растопи, додајте ја камилицата, белиот слез, ловоровиот лист и жалфијата. Варете три минути. Тргнете од оган, поклопете и оставете да излади.

Кога течноста целосно ќе излади, процедете ја, а сирупот складирајте го стаклени шишенца. Се чува во фрижидер. УПОТРЕБА за возрасни: 3х1 супена лажица (небитно пред или после јадење), За деца: 3х1 мала лажичка.

Фото и рецепт: Верица Николиќ