Почитувани НМД. Ја прочитав статијата за Бигорски, па и јас сакам да го споделам моето искуство.

Имам 26. Години, две години бев болна од анемија и 23 години од Ангина Пекторис. Имав секојдневни “падавици”, дури три пати ме враќаа од мтртви. Кога кренав раце од себе, сонив сон дека треба да отидам во манастирот Острог и да се напијам од лековитата вода.

За нецели две недели од тој ден она 20 октомври минатата година, тидов на Острог. Се случија неколку чудесни работи за кои мислев дека сонувам. Кога се искачував по скалите накај манастирот, едвај издржував. Ми се чинеше дека ќе испуштам душа.

Потоа дознав дека тоа му се случувало скоро на секого, кој имал мака. Се помолив и си реков во себеси: – Господи, дај ми сила да издржам, оти не можам повеќе.

Пред мене имаше питач седнат на една од скалите, кој на сите кои поминуваа им бараше по едно евро. Престанав да се молам и кога поминав покрај него, дали тој, или некој глас, ми рече: “Ти можеш и без мене, сама да се искачиш до горе”!

Не му дадов пари, комплетно се загубив со мислите, ама како што се движев нагоре имав сè поголема и поголема тежина. Кога стигнавме на рамното седнав и го замолив мојот пријател да се врати и да му однесе пари.

Тој се симна, а кога се врати назад го прашав дали го најде човекот? Пријателот рече да, се е во ред, средено е. Мислам дека во моментот ја снема цела тежина.

Таа ноќ преспав во дворот на манастирот, пиев од лековитата вода, а кога се вратив од таму, па до ден – денешен, веќе немам никакви проблеми, ниту со здравјето, ниту со било што друго.

Името и презимето на читателката, која ни испрати електронска пошта, се познати на редакцијата на НМД. Овој текст не смее да се размножува, без дозвола од нашата редакција.

Острог: Таткото го оставил четвртото дете на пруга, а потоа се случило чудо

Манастирот Острог е свето место за кое може да се слушнат многубројни чудни приказни за лекување на болните. Тие се неверојатни, а многумина решаваат да го посетат овој манастир како би оздравиле, бидејќи, надежта последна у мира.

Токму таква е и приказната за едно девојче, кое прогледало после посетата на Острог. Таа е родена 1960 година, како четврто, непосакувано дете. Таткото ја оставил на пруга, неможејќи повеќе да се грижи за него. Меѓутоа еден добар човек го слушнал нејзиниот плач и ја спасил.

Заедно со сопругата го посвоиле оставеното девојче, и буквално и го спасиле животот. Сопружниците биле пресреќни со приновата, со оглед на тоа што не можеле да имаат деца. Ја одгледале со многу љубов, трпение и пожртвуваност. После два месеци забележале дека има проблем со видот. Контактирале лекар и нивните претпоставки се потврдиле.

Родителите ја воделе по разни лекари, но, за нејзината болест немало лек. Потоа слушнале за манастирот Острог и решиле таму да побараат помош. Свештениците се молеле над неа. Последната ноќ, девојчето сонувало ангел кој и рекол: „Дојди кон мене“.

Таа останала уште неколку дена во манастирот, а потоа почнала да гледа сенки и облици, за на крај целосно да прогледа!

Помолете се за здравје: Молитва кон св.Василиј Острошки Чудотворец

Свет оче Василиј, силен помошнику и милосрден заштитнику, почуј ги и сега нашите молитви, солзи и воздишки.

Како добар пастир што ги бара залутаните овци и за нив страда, собери нѐ околу твојот кивот и со твоите чудотворни поуки поучи нѐ да ти благодариме и да Го славиме Отецот Небесен.

Нашите души во пороци се мачат, но и плачат како заблудениот син што од својот татко прошка барал, но и како жената што откако се препнала ги признала своите гревови.

Согрешивме многу, од знаење и незнаење согрешивме, со горди мисли и себично срце, со дело и збор, но и со неправење на многу добри дела. Затоа, погледни на нас ранетите и во гревот изобличените.

Погледни и ублажи ги нашите болки и страдања на душата и телото, и дарувај ни го изгубениот мир, братската љубов и радоста небесна.

Те молиме, повикај ги сите светии од нашиот род, сите свети маченици, праведници и преподобни, и заедно со нив моли Го Господа, Кого во Пресвета Троица Го славиме, да ни подари прошка на гревовите и да нѐ спаси од адската погибел, та покаени и поучени да можеме тебе да те величаме, и со тебе да Го славиме беспочетниот Отец со единородниот Син и живототворниот Дух, сега и секогаш, и во вечни векови.

Амин.

Тропар на св. Василиј Острошки, гл. 4

Од младоста своја сиот себеси на Господа се предаде,

во молитва, труд и пост пребивајќи, оче богоносен.

Образ на добродетелта му беше на своето стадо духовно;

гледајќи го твоето благопроизволение, за пастир на Својата Црква

и добар архиереј Бог те постави, а по твоето упокоение

твоето свето тело го сочува нераспадливо, свети Василиј.

Затоа, заради твојата смелост пред Него,

моли Го Христа Бога да ги спаси душите наши.