20 минутен КРЕМ ГРИЗ КОЛАЧ кој не се пече…се топи во уста, превкусен! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

– 600 мл млеко
– 6 лажици гриз
– 6 лажици шеќер
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 2 лажици какао во прав
– 2 реда чоколадо (млечна Милка или по избор)

ЗА КРЕМ:
– 500 мл млеко
– 5 лажици шеќер
– 2 кесички пудинг од ванила
– 200 мл млеко
– 2 шлаг креми од ванила

За посипување:
– Какао во прав (или чоколадо во прав)

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте гриз, шеќер, ванила и какао. Мешавината сипете ја во тенџере со млеко, вклучете ја ринглата и мешајте непрекинато додека да зоврие. намалете ја температурата и додајте го чоколадото искршено на коцки.

Мешајте енергично додека да згусне. Помал и калап со средна големина навлажнете го со ладна вода, па во него веднаш излејте ја врелата и сварена гриз-чоколадна смеса. Распоредете и израмнете.

За жолт крем: во подлабок сад измешајте ги пудинзите и шеќерот, па додајте малку млеко (одземете од 500 мл). Добро изедначете за да нема грутчиња. Остатокот од млекото ставете го на оган да зоврие.

Тргнете го тенџерето настрана, па додајте ги разматените пудинзи и мешајте енергично. вратете на топлата рингла и варете го кремот со непрекинато мешање додека да згусне. Претурете ја во посебен сад, прекријте ја со најлонска фолија и оставете ја да се олади.

Во 200 мл ладно млеко изматете 2 кесички шлаг креми од ванила. Во кремот ставете две лажици од оладениот крем и изматете додека да се изедначи.

Потоа повторно додајте неколку лажици и изматете, а постапката продолжете ја додека целосно да се соединат пудингот со шлаг-кремот.

Добиениот жолт крем распоредете го рамномерно врз кафеавиот, израмнете, одозгора наросете како во прав и ставете во фрижидер да се олади.

Потоа сечете коцки и послужете. Деталите погледнете ги ОВДЕ.