Една чаша урда и 1 јајце! Цела планина вкусни колачи за 5 минути готови! Смесата се приготвува за 5 минути, а колачите се печат за 20 минути. Така, за вкупно половина час ќе добиете еден рид вкусни колачи. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 г несолена урда
1 јајце
70 г шеќер
60 масло
220 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
1 прстофат сол
За валање на колачите:
50 г шеќер
1 лажичка цимет
Печете 20 минути на 180 степени
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад соединете урда, јајце, шеќер, прстофат сол и масло со помош на пасирка за пире, виљушка или рачен блендер.
Потоа додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво. Замесете меко тесто кое не се рони, туку е компактно и лесно се обликува под рака.
За да ви бидат еднакви колачите со иста големина, тестото прво поделете го на 2 дела, а потоа секој дел на 6, за вкупно 12 колачи.
Обликувајте ги во топчиња а потоа валајте ги во мешавина од шеќер и цимет и редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Печете ги 20 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.
На здравје сладење! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.