Ќе ги обожавате овие ПОСНИ КИФЛИ…Рецепт кој сите го испробуваат и сите се воодушевуваат…
Овие посни кифлички се толку вкусни што нема да верувате дека се без млеко и јајца! Тајната? Посниот мајонез кој им дава неверојатна сочност и арома, пишува НМД.
Едноставен рецепт од Валентина што ќе ве натера да замесите уште една тура! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 1 кг брашно
– 450 мл млака вода
– 30 г свеж квасец
– 1 лажичка шеќер
– 2 лажички сол
– 3 полни лажици посен мајонез
– 100 мл масло
– 100 г посен мајонез за премачкување
– Сусам, ленено семе (или зачини по желба) за посипување
– НМД
Печење: 200°C/10 минути, потоа 180°C/15 минути
ПОСТАПКАТА опишана во детали со фотографии можете да ја прочитате ОВДЕ:
1. Во сад измешајте брашно, квасец, шеќер, сол, мајонез и масло. Постепено додавајте млака вода и замесете средно меко тесто.
Оставете да одмори 30 минути, покриено, за да нарасне.
2. Поделете го тестото на 12 топчиња. Од 6 топчиња направете кори, премачкајте 5 со посен мајонез и наредете ги една врз друга (шестата не ја мачкајте).
Притиснете ги и развлечете во тенка кора. Повторете со другите 6 топчиња.
3. Посипете ја кората со сусам и лен, премачкајте со мајонез, исечете на 24 триаголници и завиткајте кифлички (по желба додајте фил од посен кашкавал или црвен пипер).
4. Редете ги во плех, премачкајте со мајонез и оставете да стасуваат 1 час. Печете на 200°C 10 минути, потоа на 180°C уште 15 минути.
5. Оладете и уживајте – или замрзнете за подоцна! Овие кифлички се вистинско изненадување за секоја трпеза!
Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: