ЈАФА ТОРТА ЗА 5 МИНУТИ…Без миксер, готвење и печење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г бисквити
300 г јафа кекси (2 пакувања)
800 г кисела павлака
2 кесички ванилин шеќер

За чоколадна глазура:
150 г млечно чоколадо
100 г слатка павлака за шлаг

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад со лажица измешајте ги бисквитите искршени со рака, јафа (ресана) кексите исечкани крупно, киселата павлака и ванилата.

2.Подлогата (десертна чинија) намастете ја со капка масло и ставете обрач 24 см. Смесата рамномерно распоредете ја и израмнете.

3.Глазура: загрејте ја павлака (не смее да зоврие) и додајте го чоколадото искршено на коцки, па мешајте додека да се растопи и соедини.

4.Сипете ја глазурата врз тортата, оставете да се олади прво на собна температура, а потоа и во фрижидер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/rZElVr_fZik?si=S845opdkA9q6rub8