Home ситни колачи ЈАФА ТОПЧИЊА кои се прават за 20 минути…БРЗ ДЕСЕРТ

ЈАФА ТОПЧИЊА кои се прават за 20 минути…БРЗ ДЕСЕРТ

ЈАФА ТОПЧИЊА кои се прават за 20 минути…БРЗ ДЕСЕРТ со мелени бисквити, чоколадо и сок од портокал…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 г мелена плазма (мелени бисквити)
1 кесичка ванилин шеќер
100 г чоколадо за готвење, растопено
100 г путер, растопен
рендана кора од 1 портокал
2 лажици џем од кајсии
150 мл цеден сок од портокал

За декорација:
мелени бисквити
рендана кора од портокал

ПОСТАПКА:

Сите состојки соединете ги во еден поголем сад, а потоа смесата складирајте ја во фрижидер колку малку да се стегне за полесно да се обликуваат топчињата.

Потоа од смесата црпете со лажица и обликувајте топчиња. Валајте ги мелени бисквити во кои сте помешале ситно рендана кора од портокал. Постапката погледнете ја ОВДЕ.