Јафа колачи во пудинг од ванила обвиткани со обланда…Многу брзи и многу вкусни ситни колачи…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 листови обланда (омекнати – пкриени со влажна и исцедена крпа)
ФИЛ:
1 јајце
6 лажици шеќер
1 кесичка рум шеќер (или ванилин шеќер)
2 кесички од пудинг од ванила (2х40 г)
500 мл млеко
80 г путер
околу 250 г јафа кекси
ПОСТАПКА:
Во посебен сад изматете јајце, шеќер, ванила и пудингот со малку млеко, да нема грутчиња, па додајте го остатокот од млекото и сварете го со непрекинато мешање додека да згусне. Оставете целосно да се олади.
Путерот пенасто изматете го и постепено додајте го оладениот пудинг и соединете со миксер. Врз омекнат лист обланда распоредете 2/3 од филот и јафа кекси, па преклопете со вториот лист обланда.
Одозгора премачкјате го преостанатиот фил и внимателно свиткајте ролат. Со помош на проѕирна фолија обликувајте го ролатот и оставете го така завиткан да отстои 1 час на собна температура.
После тоа оставете го во фрижидер да се стегне пред сечењето. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
https://youtu.be/JM4fi1o2SI0?si=SO_WLTzVzwD8pb_q
РЕСАНА ТОРТАТА ја правам за 15 минути…Многу вкусен и убав колач со јафа кекси…