ЈАФА КОЛАЧ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Помешајте кекси и пудинг…Брзо, лесно и многу вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Долниот слој:
200 мл млеко
5 лажици шеќер
100 г чоколадо
100 г путер
200 г пишкоти

Жолт дел:
600 мл млеко
80 г пудинг со вкус на слатка павлака (2 кесички)
5 лажици шеќер
100 г кисела павлака
100 г путер

И уште:
сок и кора од 1 портокал
150 г Јафа бисквити

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере измешајте путер, млеко, шеќер и чоколадо, па ставете го на оган да зоврие и варете една минута.

2.Тргнете од оган и додајте половина од сокот и кората од портокал, и кршени пишкоти, добро измешајте и притиснете сè во калап со димензии 28 x 18 см или сл, обложен со хартија. Оставете во фрижидер.

3.На оган ставете 450 мл млеко да зоврие. Посебно измешајте ги пудингот, шеќерот и 150 мл млеко. Во врелото млеко сварете го изматениот пудинг и мешајте додека да се згусне.

4.Тргнете го тенџерето од оган и додајте го путерот, павлаката и преостанатиот сок и кората од портокал и мешајте додека да се соедини. Оставете 5-10 мин да се подизлади.

5.Извадете го калапот од фрижидер, распоредете половина од кремот и израмнете. Одозгора наредете еден ред јафа бисквити (12 парчиња).

6.Одозгора сипете го остатокот од филот и израмнете. Ставете го колачот да се излади, а одозгора ставете шлаг или изматена слатка павлака. Постапката погледнете ја ОВДЕ.