Сопругот сака да ги јаде овие плескавици 3 пати во неделата. Не ми е тешко да ги правам бидејќи и мене ми стана омилено јадење. Плескавиците остануваат сочни и по подолго време, бидејќи се крчкаат во многу вкусен сос. Не ви е потребна вештина, ниту многу знаење, ова е едноставен гурмански ручек кој се прави многу лесно.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 морков, 3-4 компири, 100 мл неутрална павлака, 1 голема лажица кечап или доматен сос, 30 мл вода, 600 г мелено месо (по ваш избор), масло за пржење, сол, црвен и црн пипер, младо кромитче (опционално)




ПОСТАПКА: морковот најрпво излупете го, па изрендајте го на тенки листови на најголемата страна од рендето. Компирите добро измијте ги и исчеткајте ги со сода бикарбона за да излезе скробот, па оставете да се исушат на крпа пред да ги подготвувате.




Излупете ги компирите, а потоа изрендајте ги и ставете ги во садот со рендан морков. Посолете со прстофат сол, измешајте и оставете смесата да отстои 15 минути додека ја подготвите основата за млечниот сос.




Во 100 мл неутрална павлака (хопла) ставете 1 лажичка кечап или доматен сос и посолете по вкус. Додајте 30 мл вода и измешајте ги состојките до соединивање на смесата. Покрај тоа, ренданиот морков и компир ќе почнат да ги испуштаат своите сокови по одредено време, така што со рака исцедете ги добро и префрлете ги во друг сад.




Во вториот сад додајте го и меленото месо. Може да користите телешко, јунешко или мешано по ваша желба. Зачинете со сол, црн и црвен пипер и убаво измешајте ги состојките додека ренданите парчиња од морковот и компирот да се инкорпорираат во месото.




Започнете да формирате ќофтиња со големина по ваша желба, не треба да бидат преголеми, средна величина од 2-3 залаци. Ќофтињата треба да бидат шарени од ренданиот морков и компир, а како што ќе ги формирате редете ги на чинија или дрвена даска. Приближно треба да бидат иста големина и форма.




Кога ќе го потрошите целото месо и ќе формирате ќофтиња, ставете ги да се пржат во загреано масло на умерен оган по 2-3 минути од страна додека да заруменат. После ова, можете да ги извадите од тавчето за да се исцедат од маслото, а во меѓувреме на тавчето со четкичка да премачкате со уште малку масло.




После ова вратете ги ќофтињата во тавчето и одозгора прелијте ги со млечниот сос. Во меѓувреме, исечкајте младо кромитче, а можете да замените и со ситно сечкан магдонос кој треба да го наросите врз ќофтињата кои се крчкаат под капак.




Како што ќе ги вадите ќофтињата од тавчето, веднаш послужувајте ги бидејќи се превкусни. Не ви е потребен гарнир како компир или пире бидејќи самите плескавици содржат рендан компир и морков кој е доста заситен. Може да се послужите со една вкусна зелена, освежителна салата. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.