ЗРНА КАФЕ – вакви колачи не сте јаделе, излегуваат многу, не се печат и требаат само неколку состојки. Рецепт на Александра од Мојата мала кујна. „Ми кажува мајка ми преку телефон како татко ми ме пофалил за овој рецепт.




Кога ги направив, дојде мајка ми кај мене, а на одење и‘ спакував и и’ пратив за дома да проба и татко ми. Ги спакував во фина старинска кутија од божиќни колачи, па со тоа малку го збунив. Додека го јадел последното колаче, татко ми и’ рекол на мајка ми:




„Види ти што сè нема да измислат. Не се само вкусни, туку и многу убаво изгледаат.“ Мајка ми на тоа му одговорила, како мислиш што нема да измислат, па нашата Александра ги направи.. Малку се насмеавме, а вие ќе сфатите колку се вкусни само ако ги подготвите.“




Потребни состојки: 180 г мелени ореви, 120 г шеќер, 100 г чоколадо за готвење, 180 г мелени бисквити (плазма), 70 г путер, 100 мл вода, 2 лажици инстант кафе, рум по желба. За глазура: 250 г чоколадо за готвење, 7 лажици масло.




Постапка: Во едно тенџере ставете 100 мл вода, 120 г шеќер и 2 лажици инстант кафе. Ставете да се загрее додека течноста да проврие. Кога ќе зоврие, тргнете од шпорет и додајте 100 г чоколадо и 70 г путер.




Ова не треба да го готвите, туку само да мешате сè додека состојките да се соединат и чоколадото да се растопи, така што да добиете фина и изедначена смеса. Во случај чоколадото да не ви се растопи може да го вратите тенџерето на шпорет, но не треба да ја готвите смесата.




Кога ќе ги измешате состојките, префрлете во друг сад и додајте рум или арома на рум заедно со 180 г мелени ореви и 180 г плазма, а може и мелени бисквити и промешајте додека да добиете фино тесто.




Црпете по малку од тестото (отприлика гледајте секое тестенце да ви биде во иста количина, па затоа може со лажица да црпите од смесата) и обликувајте топче, а потоа валјак. Во средина на валјакот, со помош на дрвено тенко стапче за ражнич направете вдлабнатина (која треба да биде малку подлабока).




На овој начин ќе добиете карактеристичен изглед на зрна кафе. Количината на маса која ја користам за секое колаче е 16 г. Кога ќе ги обликувате сите зрна, наредете ги на хартија за печење или плех за убаво да се стегнат.




Доволно е да ги ставите во фрижидер околу 20-тина минути. Во меѓувреме подгответе глазура од 250 г чоколадо и 7 лажици масло. Со една лажица и една виљушка спуштајте едно по едно колаче во глазурата и почекајте добро да се натопи.




Потоа ставете го колачето на виљушката и добро исцедете го од чоколадото, и вратете го на плехот. Вака подготвувајте ги и останатите колачиња. Од оваа количина на состојки ми остана околу 1/5 глазура, но неопходно е да имате повеќе глазура за да може да ги потопувате целосно сите колачиња.

Од оваа количина добив 43 зрна кафе. Потоа оставете ги добро да се стврднат во чоколадната глазура, па послужете. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.