Чувањето на фискални сметки е добро во финансиска смисла, но преку допирот со нив апсобрираме опасна хемиска супстанција која може да биде многу опасна по здравјето.
Кога касиерката ќе ви ја подаде сметката заедно со кусурот, сигурно уште неизлезени од супермакетот, ја прегледувате нејзината содржина, бидејќи се јавува вашиот внатрешен сметководител кој ви вели да “фрлите” уште еден поглед, а потоа ја задржувате во својата архива.
Меѓутоа, ако сте свесни за опасностите што ќе ги прочитате сега, ќе бидете крајно внимателни кога следниот пат ќе имате контакт со сметките.
Бисфенол А или БПА е хемикалија што се користи за производство на тврда проѕирна пластика наречена поликарбонат, и термичка хартија, како што е хартијата што се користи за печатење на фискални сметки.
Уште од триесетите години на минатиот век познато е дека оваа супстанца е штетна по здравјето на човекот. Како резултат на повеќе владини извештаи публикувани во САД во 2008 година употребата и продажбата на оваа супстанца се избегнува (би требало!).
Се смета дека подолготрајна изложеност на оваа супстанца може да предизвика дополнителни негативни ефекти врз човековото здравје.
Првите докази за естогената активност на бисфенолот А се објавени во триесеттите години од минатиот век. Првите подетални студии за токсичните ефекти кои ги предизвикуваат мали концентрации од оваа супстанца се публикувани во 1997 година.
Оттогаш негативните влијанија на оваа супстанца врз ендокриниот систем се испитувани во повеќе од 100 студии со што значително е зголемена свеста за штетноста од користењето на оваа супстанца. Меѓутоа, оваа хемиска супстанција е сеприсутна во нашиот живот.
И сега, читајќи го ова, сигурно размислувате за животот и здравјето на сите касиери кои несомнено долг период се изложени на фискалните сметки. Можеби звучи малку хипохондрично, но секој на тоа работно место би требало да носи ракавици, не само да се заштити од штениот Бисфенол А, туку и од опасностите на парите кои ги носат со себе (за парите, некој другпат).
Изложеноста на термичките принтери е еден од основните патишта низ кои нашите тела се контаминираат со токсичната синтетска хемикалија бисфенол А (БПА), моќен ендокрин дисруптор, канцероген – невротоксична и кардиотоксична хемикалија, поврзана со над 50 негативни здравствени ефекти.
БПА исто така се содржи во авионските билети, бензиските и банкоматските потврди.
Постојат и други важни варијабли кои играат улога за тоа колку од оваа хемикалија ќе апсорбираме во нашиот организам. На пример, апсорпцијата на бисфенолот експоненцијално се зголемува со употреба на производи за нега и убавина на кожата, кои самите се главно составени од состојки добиени од петрохемиски производи, чија токсичност исто така е загрижувачка.
На пример, уште во 2014 година, студијата објавена во PLoS со голема загриженост, под наслов: “Држење на термичка хартија-сметка и јадење на купената храна по претходна употреба на средство за дезинфекција на раце, резултира со високи серумски биоактивни и уринарни нивоа на бисфенол А (BPA)”, откриваат дека дезинфектирачите на раце, како и други производи за нега на кожа, содржат мешавини од хемикалии кои можат да ја зголемат апсорпцијата на соединенија растворливи во масти, како што е БПА, и тоа за 100 пати!
Исто така, постои вознемирувачки факт дека 93% од здрави бебиња на возраст од 3-15 месеци биле контаминирани со BPA без никаква позната причина за експозиција од животната средина, откривајќи колку е навистина распространета оваа контаминација, без оглед на директната изложеност на сметките од термички печатач.
Провокативната студија објавена во Еколошки Здравствени Перспективи со наслов “Бисфенол А, Бисфенол С и 4-хидроксифенил 4-изопрококсифенилсулфон (БПСИП) во урината и крвта на касиерите”, открива дека проблемот со хемиската експозиција преку сметките, не е едноставно поврзано со бисфенолот А, туку и со други аналози на бисфенол.
Како што можеме да забележиме со неодамнешниот пораст на производите експлицитно обележани како “БЕЗ бисфенол А”, индустриите кои станаа зависни од хемикалијата сега ја заменуваат со бисфенол С (S), (и можеби и други бисфеноли) и покрај тоа што поседуваат слична токсичност.
Ова е уште повознемирувачко со оглед на неодамнешните истражувања кои откриваат дека бисфенолот S може да биде 100x посилен ендокрин дисруптор од бисфенолот А.
Хемиската класа познати како бисфеноли всушност вклучува повеќе од десеттина различни форми, вклучувајќи ги и бисфенолите А, Б, Ц, Ф, П.
Значи, што треба да направите за да се заштите?
Кај нас постои закон кој налага чување на фискалните сметки. Во некои држави тоа не е задолжително, па можно е сочувување на сметката во вид на фотографија и генерирање на сметките преку специјална апликација која е достапна на смартфоните.
Бидејќи секако сме изложени на оваа штетна хемикалија, единствено што можете да направите е да работите на зајакнување на својот имуните.
Постојат истражувања за природните начини за ублажување на токсичноста на бисфенолот. Постои список со повеќе од 20 природни супстанции, вклучувајќи: куркума, фолна киселина, матичен млеч, ресвератрол, ферментирана храна, црн чај и сл., за кои се покажало дека го штитат организмот од овој сеприсутен токсикант.