Натриумот е од суштинско значење за здравјето на човекот. Овој минерал помага во регулација на течности, одржување и стимулирање на нервните импулси за мускулни контракции.

Но, како и се’ останато, натриумот е добар кога се внесува само во умерени количини.

-Прочитајте кои се предупредупредувачките знаци кои откриваат дека внесувате премногу натриум во организмот!

Според Американското здружение за срце, околу 75 % од натриумот што ние го консумираме, не доаѓа од нашиот соларник, туку во процесуираната и ресторанска храна (1).

За жал, постои тендеција за пресолување на храната што има негативно влијание врз нашето здравје: „NIH- финансираната студија покажа дека со намалување на внесот на сол за само 3 грама (околу половина лажичка) би можеле да се спречат околу 92.000 смртни случаи на национално ниво секоја година. Би имало помалку од 120.000 нови случаи на болести на срцето. Ударите  би се налалиле за 66.000; срцевите напади за 100.000 “ – пренесува MedlinePlus.

Обратете поголемо внимание на следните знаци:

Жед

Вишокот на натриум ве прави жедни, бидејќи вашето тело сака да го задржи истото ниво на соленост цело време. Како што се зголемува внесувањето на сол, организмот ја повлекува водата од нашите клетки во крвотокот, со цел, повторно да го воспостави својето идеално ниво на соленост.Како резултат на тоа, клетките се дехидрираат, па поради тоа мозокот испраќа сигнали за жед.

2. Подуеност

Подуеност се случува кога редовно се консумира премногу натриум, па вашето тело започнува да ги чува течностите за да помогне во ослободувањето од вишокот на сол. Можете да ја намалите подуеноста со повеќе вежбање (за да се стимулира пот) и со пиење повеќе вода.

„Пиењето повеќе вода може да ви помогне да се ослободите од натриумот во вашиот систем, а како краен резултат – подуеноста ќе се намали“, објаснува Розана Ли, едукатор за исхрана и здравствен промотор од Торонто- пренесува HuffingtonPost

3. Оток

Отокот е поткожен подлив од насобрана течност во поткожното ткиво што предизвикува отекување на лицето, рацете, нозете, глуждовите и стапалата. Исто како и подуеноста, едемот е предизвикан поради складиштење на течноста поради вишок на натриум во организмот – пренесува MedicalNewsToday.

4. Желба за сол

Една австралиска студија од 2011 (2) покажа дека мозокот реагира на натриум слично како на супстанции како што се хероин, кокаин и никотин. Натриумот нож со две острици: солта е од суштинско значење за нашиот нервен систем, но брзо може да стане и наша зависност.

Ако забележите дека често посакувате сол, а храната ја солите уште пред да ја вкусите, треба да се освестите дека сте станале зависник од сол.

5. Висок крвен притисок

Задржувањето на течности во организмот предизвикува појава на едеми и подуеност, исто така, резултира со зголемен крвен притисок и ги оптеретува бубрезите, артериите, срцето и мозокот.

За да се ​​справат со дополнителното оптоварување, ситните мускули во ѕидовите на артериите стануваат посилни и подебели (3). Сепак, тоа само го намалува просторот во внатрешноста на помалите артерии и го зголемува крвниот притисок па дури и повеќе. Со текот на времето, организмот станува подложен на мозочни удари и срцева инсуфициенција.

Долгорочен ефект на премногу сол

1. Остеопороза

На бубрезите им е потребен калциум, за да го исфрли вишокот сол преку урината. Калциумот се извлекува од коските ако не се консумира доволно преку исхрана. Со текот на времето, коските стануваат кршливи и слаби, што е еден од симптомите на остеопороза (4).

2. Камења во бубрезите

Бубрезите се задолжени за задржување и ослободување од течности. Високи дози на сол предизвикуваат заштедување на течности во организмот, за да се ре-воспостави идеалната концентрација на натриум. Ова значи дека помалку се произведува урина иако телото примило доволно вода. Како што споменавме порано, калциумот е потребен за да се исфрли натриумот преку урината. Кога не се продуцира доволно урина, овој калциум се таложи во бубрезите и може да предизвика создавање на каменчиња во бубрезите.

Рак на желудникотЕдна студија (5) објавена во International Journal of Epidemiology открива дека смртноста од рак на желудникот кај мажите и кај жените е тесно поврзана со потрошувачката на сол.

„Солта очигледно ја „разлутува“ бактеријата позната како Helicobacter pylori. Оваа бактерија (H. Pylori) ги предизвикува најголемиот дел од стомачни и дуоденални улкуси … и во голема мера го зголемува ризикот од рак на желудник и форма на лимфом наречен MALT.“ – пренесува WebMD.

Овој минерал исто така може да има негативен ефект врз мукозната слузница на желудникот и да предизвика абнормалност на ткивото (6).

Когнитивен пад

Една канадска студија покажа дека високо-натриумските диети се поврзани со зголемен ризик од когнитивен пад: „внесот на натриум може да влијае на когнитивната функција кај седентарните повозрасни лица, над и вон ефектите на целокупната исхрана“ – пренесува TheNeurobiologyofAging.
Како да се намалат внесот на сол

Најдобар начин дасе намали внесувањетона натриуме да се избегнувапроцесуирана храна, со задолжително читање на декларациите од намирниците.

Пијте голема количина на вода и бидете физички активни.

Променете ја готварската сол (98% натриум хлорид) со хималајска сол (85% натриум хлорид) која содржи 84 минерали.

Овие минерали се:

-железо

-магнезиум

-фосфор

-калциум

-калиум

-хлорид

-бор

-флуорид

-јод

-цинк

-селен

-бакар

Само не заборавајте дека и покрај тоа што е важно да се намали внесувањето, не ја исфрлајте солта целосно!

Солта е многу важна за здравјето на нервите и мускулите, но мора да се конзумира во умерени количини.