Home Вести Ѕирнете ги цените во можеби најскапиот маркет во светот (во најсеверното гратче...

Ѕирнете ги цените во можеби најскапиот маркет во светот (во најсеверното гратче на Алјаска)

Utqiaġvik, Алјаска (попознат како Barrow), е лоциран северно од Арктичкиот круг. Се работи за 11-тата најсеверна населба во светот, а најсеверен град во рамките на САД.

Земајќи го тоа во предвид, лесно е да се претпостави дека во Barrow немате многу избор на ресурси во форма на намирници и разни други артикли, барем не локално произведени. Напротив, добар дел од купувачкиот избор е резултат на увоз. А тоа значи (многу) поскапи цени. Ролна тоалетна за 52 денари (2.60 долари) поскапи. Пакување од 3 кондоми за 680 денари (13 долари) поскапи.

Или еве млеко – 3.7 литри (1 галон) за 520 денари (10 долари). Водата исто – еден галон за 9.5 долари… Еден домат – околу 200 денари (нешто под 4 долари).

Повелете на видео-тура во маркет еквивалентен на Wallmart во најсеверното Алјасканско гратче. Ве очекуваат уште многу други астрономски цени, како и големото финале.