Потребни состојки:
3 јајца
3/4 шолја шеќер (шолја од 250 мл)
3/4 шолја масло
7 лажици грчки јогурт (може и обичен цврст)
350 г суво овошје (брусница, кајсии и сливи)
1 прстофат сол
1/2 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
2 шолји брашно
Постапка:
Изматете ги јајцата и додадете шеќер.
Потоа матете додека да побели смесата, па додадете масло.
Додадете уште и јогурт, изматете па ставете ги ванилин шеќерот и брашното во кое сме ставиле прашок за печиво и прстофат сол.
На крајот во смесата го додаваме сувото овошје, излеваме во долгнавест калап и ја израмнуваме смесата.
Се пече во претходно загреана рерна на 170 степени, околу 50 минути. Се проверува со чепкалка дали колачот е печен.
coolinarika.com