Голем луѓе барем еднаш годишно се соочуваат со овој непријатен здравствен проблем, особено кога времето се менува и во периоди на настинки и грип. Притоа се чувствува б олка и при-тисок во пределот на челото, очите и носот, а симптомите се влошуваат навечер. За среќа постојат некои природни методи кои можат да помогнат.
Доколку и вие м ака м ачите со синусите и на сите можни начини се обидувате да го решите овој проблем, погледнете го овој метод од ценетиот доктор Алан Мандел од Флорида, кој осмислил два начини за одзатнување на синусите за кои ќе ви биде потребно помалку од минута, а можете да ги пробате веднаш.
I НАЧИН: Испружете ги палците и истовремено додека ја отвoрате устата притиснете ја со нив внатрешноста на увото. Испуштете го притисокот на ушите истовремено затворајќи ја устата. Ќе слушнете лесно потпук-нување во ушите. Постапката повторете ја десет пати.
II НАЧИН: Затнете го носот со прсти, лесно вдишете и издишете држејќи ја устата затворена, при што ќе ви се надујат образите. Повторете три пати. Целата постапка за изведување во интерпретација на докторот, можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ. Подолу прочитајте го и рецептот за приготвување на капки за одзатнување.
За воспалени синуси може да ви помогне и ренот. Потребно е секоја ноќ пред спиење да правите инхалации со рен, после неколку дена синусите ќе почнат да се чистат, а б олката и непријатното чувство ќе иcчезнат: на шпорет загрејте рендан рен, покријте ја главата со пешкир и пет до десет минути вди-шувајте ги испарувањата.
Многу ефикасен рецепт кој за неколку минути може да ги осло-боди затнатите синуси
Синуситис е инфекција или воспаление на синусите, џебови исполнети со воздух во коските на лицето. Зимскиот период носи студено и влажно време кое во комбинација со зголемена зага-деност на воздухот и престој во зачадени простории, честопати е причина за појава на воспалена слузокожа на синусите.
Синусите се парни празнини во скелетот на главата сместени околу носната празнина, исполнети со воздух и обложени со лигавица. Синусите се поврзани со носот преку мали отвори низ кои во нив навлегува воздухот, а од нив излегува секретот што го излачува лигавицата.
Кога ќе дојде до воспаление и оток на носната и синусната лигавица, доаѓа до блокада на нормалната дренажа на секретот преку синусните отвори и оваа состојба овозможува поволни услови за развој на акутно воспалени на синусите.
СИМПТОМИ: чувство на оток на лицето, притисок зад очите, затнат нос, отежнато ди шење, цедење слуз во грлото, непријатен мирис во носот, температура (евентуално) и забоболка (евентуално)
МНОГУ ЕФИКАСЕН РЕЦЕПТ (проверен и испробан од доктор кој ни го испрати рецептот): Потребни состојки: 1 чаша вода, 1 лажица морска сол, 1 лажица камилица, 1 лажица мед, 2 капки јод и малку сода бикарбона.
Постапка: на оган ставате да зоврие една чаша вода со една лажица морска сол. Тргнете го садот од оган и ставате една лажица камилица. Кога чајот ќе излади, ставете една лажица мед, на врв од лажичката сода бикарбона и две капки јод. Од оваа течност се прска во нос 2-3 пати дневно.
Коментар на Љупка Андрејиќ: „Повеќе од половина килограм лушпи од непрскани компири да се сварат и да се направи инхалација со пареата (главата покриена со пешкир врз садот) во времетраење од 15 минути. Потоа се вари лук истата количина, цели главици нелупени.
Па повторно 15 минути инхалација. Постапката се повторува три ноќи по ред по што започнува чистење на синусите. После инхалацијата да не се излегува надвор.