Ова е стар рецепт, а овие превкусни посни ситни колачи се застапени на мојата трпеза подеднакво и за посни слави, но и за секакви други пригоди.
Според истиот рецепт овие бонбици можете да ги направите од било кои биксвити по ваш избор, но за посната варијанта одберете посни. Истото важи и за чоколадната глазура.
Потребни состојки:
200 г мелени бисквити (посни)
100 г мелени ореви
2 лажици шеќер во прав
5 лажици џем од кајсии
за глазура:
200 г чоколадо за готвење (посно)
1 лажица масло
2 лажици ситно сечкани ореви- за декорација
Постапка:
Во поголем сад додадете ги сите суви состојки, а на крај и џемот, па промешајте и изедначете ги состојките. Со рака соединете во убаво мазно и ровко тесто. Правете топчиња со величина на орев.
Редете ги врз мазна површина или хартија за печење, па оставете ги во фрижидер да се стегнат, околу 10 минути.
За глазура: растопете го чоколадото на многу тивок оган или пареа, и разматете го со една лажица масло.
Со помош на чепкалка боцкајте ги бомбиците, па потопувајте ги во чоколадната глазура. Одозгора наросувајте ги со малку сечкани ореви. Вратете ги во фрижидер за убаво да се стегнат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: