Кога размислувате за хормонското здравје, што прво ви паѓа на ум? Медикаменти? Не би требало, бидејќи постојат ефиксни природни средства, освен ако вашиот лекар ви препишал терапија на која с трого мора да се придржувате.
Темата за избалансирано хормонско здравје со години станува се поактуелна. Со текот на времето доаѓаат промени во организмот, а хормонската рамнотежа се нарушува, па сè почесто можете да слушнете за вакви или обакви скапи лекови.
Исто така, стануваат и бескрајни консултациите со гинекологот. Освен ако вашиот лекар не инсистира на поинаку, обидете се да ја спречите потребата за лекови кои ги регулираат хормонските промени, а до нив секако доаѓа со текот на времето.
Обидете се на природен начин да ја вратите рамнотежата и нормалното функционирање на организмот. Ова се три рецепти со природни состојки кои го регулираат лачењето на хормоните.
ТОПЛА ВОДА СО ЛИМОН
Топлата вода со лимон придонесува за намалување на телесната тежина, елиминира ток-сини од организмот, го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и дигестијата. Причината за ова е тоа што лимонот влијае врз хормонот за ситост – лептинот.
Доколку лептинот не е во рамнотежа, телото започнува да создава масни наслаги кои ги депонира на најкри-тичните места. Лимонот помага да се одбегне дехидратацијата и истовремено го подобрува варењето.
ЧАЈ ОД МАЛИНОВИ ЛИСТОВИ
Малиновите листови одамна се користат за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражувања потврдуваат дека оваа билка благотворно делува врз работата на хормоните. Жените кои го пијат овој чај во текот на бременост, немаат потешкотии при пораѓај.
Рецептот исто така е едноставен: прелијте една супена лажица листови од малина (може да се користат и суви, а ако се користат свежи, потребно е да се наберат пред цветањето) со 200 мл зовриена вода.
Поклопете и оставете да отстои 10-тина минути. Потоа процедете го и засладете го по потреба. Овој чај не го пијте пред спиење, туку во текот на денот.
ЗЛАТНО МЛЕКО
Златното млеко го подобрува имунитетот и го доведува во рамнотежа нивото на хормоните во организмот. Овој напиток загрева, освежува и сми-рува. Обично е познат како делотворен при настинки или б олки во грлото.
Се состои од куркума, кокосово масло и засладувач, а тоа е многу корисна комбинација за регулирање на хормоните и воопшто благопријатно делува врз организмот. Ајурведата смета дека куркуминот кој е активната супстанција во куркумата – ја подобрува циркулацијата и метаболизмот на естрогенот.
Рецепт: во 200 мл врело млеко додајте половина чајна лажичка куркума во прав и лажичка кокосово масло. Може да додадете и мед, по вкус. Овој напиток е најдобро да се пие навечер.
Најдобро е утрото да го започнете со топла вода и лимон. Чај од малини да пиете преку ден, а пред спиење да се почестите со златно млеко.