Пелинот е една од најстарите лековити билки. Освен што од него се приготвуваат препарати за бројни здравствени тегоби, може да се користи и надворешно, во приготвувањето на лековити масти и креми.
Пелинот ја поттикнува циркулацијата на крвта и помага кај проширени и воспалени вени, а со додаток на прочистена и испрана свинска маст во девет води, од оваа билка може да се приготви многу ефикасен, домашен лек за вени.
Пелин (или бел пелин; науч. Artemisia absinthium) — вид растение од родот пелин (Artemisia) кое природно вирее во умерените краишта на Евроазија и Северна Африка. Се одгледува како украсно растение, но и како главна состојка во пијалаци како пелинковецот и апсинтот.
Ова е билно, повеќегодишно растение со влакнести корења. Стеблата се прави и достигнуваат висина од 0,8–1,2 метри (пореко 1,5 м и повеќе) и се зажлебени, разгранети и сребренозелени по боја. Листовите се распоредени во вртлог, зеленкасто сиви на лицето и бели на опачината, прекриени со свиленести сребрестобели трихоми (влакненца) и имаат ситни маслодајни жлездички.
Цветвите се бледожолти, цевчести и насобрани во наведнати главички (капитули), кои пак се набрани во листнати разгранети метлички. Растението цвета од почетокот на летото до почетокот на есента. Плодовите се мали семчиња. Пелинот природно расте на дива сува почва, особено на крапести падини и по рабовите на врвиците и полињата.
Пелинот е најпознат како состојка на народниот пијалак пелинковец и апсинтот, но се користи и како додаток и во други а лкохолни пијалаци и вина како битер и вермут. Од него се прави и чај што се смета за многу лековит, но поради тујонот кој го содржи, не смее да се конcyмира во големи количини. Во средниот век се додавал како зачин во медовина.
Ова растение традиционално се користи како поттикнувач на апетитот и олеснувач на варењето. Меѓутоа, истото е носител и на негативна симболика, како поим за горчина и јад. Ова го среќаваме во Рациновата песна „Копачите“, каде авторот вели дека земјата „со страдна душа чека“ на силните удари на копачите „по троскот, пелин, трат.“
Според Национална класификација на културното наследство на Македонија, верувањето во пелинот како света и лековита билка се смета за категорија на духовно наследство на земјата. Иако кај нас народски пелинот е симбол за јад, тага и несреќа, до истата мера Римјаните на Капитол, пред сите други признанија и почести, на победниците им давале напиток од пелин, убедени дека тоа е најголемата награда за еден победник, бидејќи според тогашното сфаќање, пелинот обезбедувал добро и вечно здравје, најголемо земско богатство.
ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ВЕНИ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Една супена лажица мелен сув пелин и 200 г несолена свонска маст претходно испрана во девет води. Постапка: сувиот пелин сомелете го така да добиете прав, а потоа измешајте го во топла, растопена маст.
Добиената маст нанесувајте ја на зафатеното место двапати дневно додека да се смират тегобите, а потоа користете ја според потребите. Маста се нанесува со нежни движења и тапкања без притискање, секогаш во правецот кон срцето.
ЛЕКОВИТО ДЕЈСТВО НА ЧАЈОТ: пелионот има многу горчлив вкус. По препорака на лекар или искусен билкар и познавач, пелинот се употребува при лекување на лоша дигестија, слаб апетит, подригнување, глисти, шеќерна болест, болести на бубрезите, слезинката, црните дробови, жолтица, мачнина, тромби, мочен меур, водена болест и осипи.