Како што напредува технологијата, така напредува и човештвото. На некои можеби тоа им пречи и го сакаат стариот живот, додека други пак се задоволни од денешницата. Порано жените седеа дома и се грижеа за куќата и децата. Денес тоа веќе не е случај. Денес, жените имаат милион обврски, семејство и успешна кариера.




Која од двете опции е подобра? Која е суштината на среќно семејство? Ова ни го открива попyлapниот руски мотивациски говорник Александар Палиенко и дава неколку совети за успешно и среќно семејство:




„Жено, кога имаш нешто да кажеш, кажи го. Кога потиснуваш и молчиш, тогаш ги изневеруваш најблиските. Жената не мора да објаснува зошто, но важно е да каже како се чувствува.




Грижата за децата е неопходна, но жената треба да има и свое време од денот каде што прави нешто за себе. Така таа ќе се чувствува подобро, а сите околу неа ќе ја попримаат нејзината позитивна енергија.




Кога жената се грижи за децата, таа не се исполнува себеси и ја пренесува својата енергија на неисполнување на децата. Ова се рефлектира кај децата преку нару-шено здравје, проблеми и влегување во неволја.




Семејството може да се распадне ако жената: Има потенцијал, но не го искористува максимално. Го уни-штува семејството запоставувајќи се себеси. Имајќи предвид дека не се цените самите себе, дека вашето име и постоење не значат ништо, а притоа сте скромни, срамежливи, несигурни, тогаш станувате главна закана.




Зрела жена никогаш нема да се грижи за овие работи. Од друга страна, кога сте среќни, исполнети, комуницирате рамноправно со членовите на семејството, се чувствувате како жена и не им се препуштате на сите со занемарување на себе, тогаш ја претворате својата енергија во енергија на среќа и задоволство. Потоа ја пренесувате таа среќа и задоволство на вашите деца и сопруг.




Кога сопругата вели: ,,Не ми се допаѓа тој колега / колешка или проект на работа”, сопругот не треба да праша ,,зошто”. Жената мора да ги изрази своите чувства, а мажот мора да ја разбере. Тој треба да разбере дека ако нема позитивна и креативна енергија кај жената, нешто сериозно не е во ред. И не е важно зошто, важно е да го смените тоа.




Ако жената сака да постигне повеќе, мажот треба да и дава поддршка. Подоцна, тие заедно ќе уживаат во задоволството што ќе го пружат плодовите на нејзината креативност, напор, работа и позитивност.




Развојот на мажот, исто така, влијае на женската енергија. Ако мажот се развива, а жената не, жената нема да ја сака својата работа и успех, без разлика колку пари ќе донесе дома, бидејќи парите не можат да го компензираат чувството на исполнетост.




Затоа идејата мажот да заработува, а  жената да седи дома да се грижи за куќата и децата не е добра. Освен во случај кога тоа и е доволно на жената.“ – советува Палиенко.