-Лековита вода блика над селото Ситово. Локалното население тврди дека лекува кожни болести и штити од болести кои најчесто доаѓаат во староста. Според легендата, на ова место биле водени болните коњи на Ахмед ага Тамарашлија. Откако коњите ќе се истркалале во тревата, тие необично брзо оздравувале.
По ослободувањето била изградена црквата Св. Богородица, на 30 метри од светото место. Веднаш до олатрот во голема чинија има оставено метални протези и плочки, а луѓето ги ставаат врз болните места, легнуваат и спијат во храмот.
После првото спиење, потоа треба да поминат уште во две простории во т.н. “хотел”, каде престојот е бесплатен.
Исцелителната моќ на водата била проучувана уште во далечната 1989 година. Тогаш станало јасно дека таа има повисока радиокативност и се претпоставува, дека поради ова својство таа има способност да лекува болести на кожата. Мештаните тогаш ги запрашале истражувачите дали водата е безбедна за пиење, а тие ги увериле дека е безбедна.
Денес жителите на ова место сведочат за голем број чу-дотворни исцелувања кои се случиле на изворот на лековитата вода. Па така, го раскажуваат и настанот кој се случил пред неколку години.
Имено, во селото пристигнала жена од Софија на која целото тело и било покриено со ра-ни. Нејзе ја испратила баба Ванѓа. Жената пиела од светата вода, спиела во црквата и се молела, за три ноќи исчезнале егземите.
Во Ситово се раскажува исто така, за еден Пловдивчанец кој пристигнал на изворот со огромна ра-на на вратот. На мештаните им раскажувал дека веќе со месеци се ма-чел и пробал секакви лекови, но ништо не му помогнало. Се измил неколку пати со водата од изворот, болеста се повлекла и никогаш повеќе не му се вратил проблемот.
Ова свето место е познато и по тоа што им помогнало на голем број жени кои не можеле да се остварат како мајки. Тие доаѓале да се молат за рожба и навистина после тоа за кратко време останувале бремени.
Најмногу посетители на изворот во с.Ситово има на 15 август, кога е Успение на Пресвета Богородица, бидејќи во селото има прослава. Во пресрет на празникот голем број од луѓето преноќеваат во Крстовата гора, на ливадите покрај храмот, за да се излекуваат. Водата е благословена и им помага на добрите христијани, велат мештаните.