Доколку ве мачат болки во грбот, тешко станувате и ви се вкочануваат зглобовите по подолго седење во иста положба, чувствувате тегоби во нозете и имате намалена еластичност и подвижност општо на целото тело, тогаш можеби овој рецепт е токму за вас.

Потребни состојки:

150 г желатин

Студена вода

Постапка:

*Овие состојки ќе ви траат еден месец.

Ставете 5 грама желатин во ¼ шолја ладна вода.

Измешајте ја смесата и оставете да отстои до следното утро. Не ја ставајте смесата во фрижидер, бидејќи желатинот ќе се претвори во желе ако го оставите преку ноќ.

Користете ја оваа доза секое утро на гладен стомак, а благотворното дејство од овој чудесен напиток ќе почнете да го чувствувате после првата недела.

Пијте ја оваа мешавина еден месец за трајни резултати.

Овој процес може да го повторите после шест месеци. За да го подобрите вкусот на овој напиток може да додадете малку мед, сок или јогурт.

Желатинот е добар за зглобови, за подобрување на имунолошкиот систем, метаболизмот и менталната способност. Редовното консумирање на желатинот го јакне срцевиот мускул, а вашите тетиви и лигаменти стануваат еластични и многу посилни.

Желатинот помага во спречување на остеоартритис и остеопороза.