ЖЕЛАТИН И МЕД – Кога ќе започнат временските промени и да „вртат зглобови“, можеби ќе ви затреба производот кој е на база желатин и мед, а кој многумина го сметаат за добитна комбинација кога станува збор за помош кај болни зглобови.

МЕД И ЖЕЛАТИН

Желатинот е производ кој се добива од говедски коски, ‘рскавица и тетиви кој содржи колаген, најважната белковина во човековиот организам, значајна за состојбата на кожата, коските, ноктите и косата.

Покрај тоа, во желатинот се застапени многу значајни амино киселини – хидроксипролин и пролин. Овие амино киселини исто така влијаат врз градбата на коските, зглобовите и тетивите, како и мускулите и сврзните ткива.

Поради сите овие поволни својства, говедскиот желатин е на самиот врв од списокот природни лекови за закрепнување на зглобовите. Покажал голема делотворност во закрепнување на оштетените големи зглобови, особено на колкот, колената, рамената, потоа на ‘рбетниот столб, како и на ‘рскавиците.

Потребни состојки: 2 лажички желатин, 150 мл вода, 1 лажичка мед и 1 лажичка лимонов сок.

Постапка: Прелијте две лажички желатин со 150 мл ладна вода, поклопете и оставете да отстои преку цела ноќ. Следниот ден желатинот ќе биде набубрен, па за да се подобри вкусот и неговото дејство, додајте малку мед и лимонов сок. Измешајте и изедете го целото.

Терапијата се повторува еден месец, а потоа се прави пауза од два месеци. По потреба се повторува после направената пауза, а може да се консумира и превентивно. Доколку ви се допадна рецептот, споделете го вашите најблиски пријатели.

СÈ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ЖЕЛАТИНОТ, КОЈ СМЕЕ А КОЈ НЕ СМЕЕ ДА ГО КОНСУМИРА

Колагенот е најважниот протеин во нашиот организам кој помага во одржување на цврстината на кожата, косата и ноктите. Денес неговата важност е препозната во производите и додатоците за исхрана кои помагаат да се успори стареењето на кожата. Во продолжение можете да прочитате за сè она што треба да го знаете за колагенот и неговата употреба.

Колагенот се наоѓа во самата кожа, го образува сврзното ткиво и помага во одржување на здравјето на коските, зглобовите и лигаментите. Негов недостиг може да предизвика голем број здравствени проблеми и непријатни последици како што се: забрзано стареење на кожата, болки во зглобовите и пропаѓање на сврзното ткиво.

Нашиот организам има способност да синтетизира колаген по потреба, но таа способност со текот на годините постепено се намалува, а со тоа и квалитетот на нашите коски и кожа. Врз намалување на нивото на колагенот исто така, влијаат и пушењето, консумација на поголема количина на шеќер, претерано изложување на сончево зрачење, некои автоимуни болести или генетски промени.

Колагенот е исклучително важен за одржување на здравјето на целиот организам и претставува најзастапен протеин во нашето тело. При недостиг на колаген, се намалува квалитетот на кожата, косата и ноктите, па тие стануваат кршливи и суви.

Еден од начините за зголемување на производството на колаген во организмот е консумација на витамин Ц. За жал, витаминот Ц не е секогаш доволен, па пожелно е колагенот да се надоместува преку исхраната.

Освен за убавина, колагенот е многу важен за здравјето на коските и зглобовите, а негов недостиг може да предизвика бројни здравствени проблеми како: остеопороза, остеоартритис и слични пореметувања. Доколку веќе постојат такви проблеми, додатокот на колаген речиси секогаш помага.

КОЛАГЕН ЗА КОЖА – КОЈА Е НЕГОВАТА ВАЖНОСТ?

Овој важен протеин се наоѓа во нашата кожа покрај еластинот, хијалуронска киселина и други состојки важни за одржување на младешкиот изглед и здравјето на кожата. Сликовито кажано, колагенот помага да остане „се’ на свое место“, а брчите се појавуваат токму поради намалување на неговото ниво во кожата во текот на годините.

Истражувањата исто така покажаа дека консумацијата на хидролизираниот колаген во текот на 8 седмици ја намалува видливоста на брчките за дури 20%, што значи дека брчките сепак може да се „испеглаат“, бидејќи колагенот и помага на кожата повторно да ја врати еластичноста и влажноста кои претходно ги изгубила.

Колагенот за лице и општо за убавина, е најдобро да се внесува орално, бидејќи производите за топикално нанесување не можат да продрат во кожата и да го спроведат колагенот онаму каде што е потребен. Покрај тоа се препорачува и внес на витамин Ц кој го поттикнува производството на колаген во нашиот организам.

КОЛАГЕН ВО ПРАВ ИЛИ КОЛАГЕН ВО КАПСУЛИ?

На пазарот постојат разни додатоци во исхраната со колаген, но се препорачува консумација на чист хидролизиран колаген. Тој може да биде во прав, капсули, ампули или течен, а секој извор е еднакво веродостоен.

Хидролизираниот колаген најчесто се добива со преработка на коски, тетиви и други животински делови кои го содржат. За да се произведе прав, изворите на колагенот се обработуваат со мелење, отстранување на масти и натопување во киселини за да се отстрани калциумот и да се раскинат врските меѓу протеините. После дехидрацијата (последниот дел од постапката) добиваме чисти аминокиселини во прав кои брзо се апсорбираат и не се оштетени со оваа постапка.

Додатоците во исхраната со колаген исто така, може да содржат разни други состојки кои повеќето и помагаат на кожата при закрепнување, а често тоа се витамините и хијалуронската киселина. Колагенот во прав е растворлив во ладна вода и претставува идеален додаток на сите јадења или напитоци.

ГОВЕДСКИ, РАСТИТЕЛЕН ИЛИ РИБЕН КОЛАГЕН?

Денес на пазарот е можно да се пронајдат два вида, најчесто користениот говедски колаген и рибниот колаген. Постојат и многу растителни алтернативи кои не содржат чист колаген туку состојки кои поттикнуваат изградба на колаген. Растителните суплементи затоа се најмалку ефикасни, но претставуваат одлична алтернатива за вегетаријанците и веганите.

За оние кои јадат храна од животинско потекло, говедскиот и рибниот колаген се популарни додатоци во исхраната. Кога ќе ги споредиме овие два типа, рибниот колаген речиси двапати подобро се апсорбира во крвта и претставува најдобра опција.

Рибниот колаген е исто така поскап од говедскиот, додека освен во апсорпцијата, во начинот на дејството не се разликуваат премногу. Најмалку користен колаген е кокошкиниот колаген, но вообичаено се препорачува користење на говедскиот колаген (говеда кои паселе трева), воедно бидејќи е многу поефикасен.

Се препорачува консумација на неколку лажички хидролизиран колаген во прав дневно, а можете да ги додавате во чај, смути, супи, сокови и други јадења. Колагенот во капсули е малку полесен за консумација, но количината на колаген која може да ја собере во една капсула не е доволна, па поради тоа поретко се користат.

Напитокот од колаген и ампули се додатоци со колаген во течен облик, поедноставни се за користење, бидејќи можат да се разредат во вода или да се испијат без разредување. Сите додатоци во исхраната кои содржат колаген ќе и помогнат на вашата кожа да закрепне и да ги измазни површинските неправилности и брчки.

При консумација, минималната дневна доза за колаген изнесува 2,5 г за да може да се забележи разлика во првиот месец. Со подолготрајно користење може да се забележи поголемо подобрување во текстурата и квалитетот на кожата, а со текот на времето ќе се забележи промена и во косата и ноктите.

НУСПОЈАВИ

Потребно е да се знаат неколку факти при оралната консумација на колагенот. Алергии на колаген од животинско потекло се ретки но не смеат да се исклучат, па затоа е потребно најпрво да се проба со помала количина доколку сте загрижени дека е можно да дојде до реакција. Доколку сте алергични на риба, потребно е да се одбегнува рибниот колаген.

Исто така, консумацијата на колаген од непроверени извори може да доведе до зголемено ниво на калциум во организмот. Зголемено ниво на калциум (хиперкалцемија) доаѓа од консумација на додатоци со лоша обработка во текот на добивањето на хидролизираниот колаген, кога целиот калциум не е отстранет.

Најдобар показател за зголемен калциум при консумирање на колагенски додатоци во исхраната се – болки во коските и зглобовите. Пожелно е бремените жени и доилките, како и сите луѓе кои консумираат лекови за одредени здравствени состојби – да се советуваат со лекар пред консумирање на колагенски додаток во исхраната.

Засега не се забележани негативни интеракции на колагенот со лекови, но секако треба да се биде внимателен. Колагенот исто така, може да предизвика хиперсензитивност, состојба кога телото го смета колагенот за алерген и го исфрла.