Желади – полнети со џем од кајсии или шипинки, натопени до половина во фина, сјајна чоколадна глазура, па валани во кокос. Еве што ви е потребно според рецептот на Буба:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 250 г маст, 250 г шеќер во прав, 2 кесички ванилин шеќер, 1 кесичка прашок за печиво, 500 г брашно. За полнење: џем од кајсија или шипинка. За глазура: 100 г чоколадо за готвење, 100 мл млеко, 2 лажици масло. За валање: кокос или мелени ореви.
ПОСТАПКА: Пенасто изматете ја маста заедно со шеќерот во прав додека да добиете кремаста структура (не многу долго). Потоа започнете постепено да го додавате брашното.
Загрејте ја рерната на 120 степени. Со помош на две мали лажички формирајте ги половинките желад (како топчиња со едната страна малку стесната, издолжени и овални).
Редете ги на голем плех (од рерна) обложен со хартија за печење и печете ги 60 минути. (Ако не ви успева со лажичките, обликот поправете го малку со прстите). Направете го истото со остатокот од тестото.
Колачите се печат подолго време зашто треба да останат светли. Колачите оставете ги добро да се изладат пред да ги лепите две по две со џем по ваш избор. Чоколадото растопете го на пареа, додајте го млекото, кога се ќе се стопи, додајте го маслото.
Треба да добиете фина, сјајна, густа глазура (како крем). Секоја споен „желад“ потопувајте го до половина во глазурата и натопената страна валајте ја во кокос или
мелени ореви.