Многу е важно убаво да се наспиете. Квалитетниот сон е од големо значење за човекот. За жал, во денешно време сè повеќе имаме проблеми со спиењето бидејќи модерниот начин на живот предизвикува немир и cтрес.
Недостатокот на сон може да биде фактор и предизвикувач на сериозни проблеми, вклучувајќи и срцеви болести кои се причина број 1 за cмрт во светот.
European Heart Journal во 2011 година објави резултати од 15 научни студии кои покажале дека нередовното спиење и недостиг на квалитетен сон го зголемува ризикот од кардиоваскуларни и срцеви болести за 48 %, додека за 15 % ја зголемува можноста од мозочен yдар.
Проблемот со спиењето често е поврзан со биохемиските процеси кои настануваат поради зголеменото ниво на хормонот на cтрес, а најчесто се манифестираат помеѓу 2 и 4 часот наутро.
Недостигот на натриум во организмот предизвикува проблеми со спиењето. На човековото тело му е потребна солта, но важно е да знаете колку и каква сол треба да консумирате.
Таа би требало да биде чиста непреработена сол без хемиски додатоци кои инаку, можат да се најдат во рафинираната сол.
Д-р Витиело, директор на државниот универзитет во Сиетл спровел истражување кое покажало дека ниското ниво на натриум предизвикува намалување на волуменот на крвта во организмот.
Овој домашен лек многу лесно е едноставно се приготвува, а потребни ви се само две состојки: органски мед и хималајска сол.
Потребни состојки:
5 лажички мед
1 лажичка хималајска сол
Постапка:
Измешајте ги состојките и складирајте ја смесата во тегла.
Употреба: Една лажичка од смесата оставете полека да се растопи во вашата уста или разматете ја во чаша топла вода и испијте ја.