Земете еден грст овошје и направете го овој колач за 5 минути…Ќе ве воодушеви вкусот…Многу лесен и брз рецепт…Овојпат го направив со јаболко, но може употребите овошје какво што имате. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 јаболко, ситно исечкано
1 лажица шеќер
1 лажичка цимет во прав
1 лажичка путер
1 лажица џем од кајсии
За тесто:
1 јајце
1 прстофат сол
70 г шеќер
70 мл масло
2 лажици сок од лимон + рендана кора
125 г цврст јогурт или кисела павлака
150 г брашно
8 г прашок за печиво
ПОСТАПКА:
1.Јаболката исечкјате ги на коцки или плочки и сипете ги во широка тава. Додајте шеќер, цимет и путер, па динстајте ги на умерена температура додека да го испуштат сокот. пред крајот додајте џем и убаво промешајте. Оставете да се олади.
2.Во посебен сад со жица иматете го јајцето со прстофат сол, шеќер и рендана кора од лимон. Додајте масло, лимонов сок и јогурт, па соединете.
3.На крај додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво и сето изматете го за да нема грутчиња.
4.Смесата излејте ја во помал калап (22-24 см) намастен и набрашнет или обложен со хартија за печење. Одозгора распоредете ги јаболката и по желба посипете бадемови ливчиња/снегулки и малку џем.
5.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 25 минути. Одозгора посипете шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.