Земете 3 банани и направете го овој кремаст десерт за 5 минути без шеќер…Ако ги сакате брзите, вкусни и здрави десерти, тогаш испробајте го овој, ќе бидете воодушевени…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 банани, испасирани
300 г бисквити од какао, мелени
100 г ореви, мелени
400 мл млеко
30 г засладен чоколаден пудинг (1 кесичка)
50 г темно чоколадо

ПОСТАПКА:

Измешајте ги бананите со бисквитите и оревите, па од добиената смеса правете топчиња и наредете ги во соодветен сад.

Сварете го пудингот со непрекинато мешање на умерена температура, па кога ќе згусне додајте го чоколадото и мешајте додека да се растопи.

Топчињата залијте ги со топлиот чоколаден крем, одозгора посипете кокос и оставете во фрижидер да се стегне 10 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/ATyPq90-Kzc?si=JamTk0BQLmaQF4fg