Фото и рецепт: Тања Докузова
Потребни состојки:
½ квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
Малку масло
Брашно и млака вода по потреба..
Постапка:
Се замесува тесто, вообичаено со малку масло, половина квасец, малку сол, шеќер и брашно…
Кога ќе стаса се расукува една кора, се реди празот запржен во кој додавате урда или сирење по желба, се покрива со друга иста таква кора, се попрскува со масло и следните две кори се засекуваат на осминки , само се попрскуваат со масло и се виткаат назад триаголниците да се направи внатре круг за филот …
Се става празот во средината, ако сакате покријте го со тенка кора, но не мора, се редат ситни коцки маргарин и се става да се пече .