Зелката и одредени видови на марула можеби навидум се слични, но овие два зеленчуци имаат големи разлики меѓусебе. За почеток, зелката и зелената салата – марулата се сосем различни зеленчуци. Тие исто така имаат различни нутриционистички профили, вкусови, текстури и кулинарска употреба.




Оваа статија ги објаснува разликите помеѓу зелката и марулата, вклучувајќи ги и информациите за исхраната, здравствените придобивки и како се користат во кујната.

И зелката и марулата се нискокалорична храна и изобилуваат со минимални протеини, масти и јаглехидрати. Во меѓувреме, зелката изобилува со повеќе хранливи материи – освен витаминот А.




Зелката исто така има поголем принос на минерали. Содржи повеќе калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум и манган. Исто така, содржи повеќе влакна, хранливи материи од суштинско значење за здравјето на дигестивниот систем.




Секако, различните видови зелка содржат различни количини на хранливи материи. Секој вид на зелка и марула има изразен нутритивен профил. Има два најчести видови на зелка кои се наоѓаат кај нас, но т.н. „зелената” зелка е побогата со растителни влакна и повеќето витамини и минерали од белата.




И зелката и марулата се богати со растителни влакна. Зелката сепак има поголем процент на растителни влакна од марулата. Растителните влакна помагаат да се одржат редовните движења на дебелото црево и со нив се хранат корисните бактерии во цревата.




Покрај тоа, исхраната богата со растителни влакна може да ви помогне да изгубите вишок маснотии во телото и да одржите здрава тежина. Растителните влакна го забавуваат варењето, што може да го зголеми чувството на ситост после јадење, што доведува до намален внес на храна.




Зелката и марулата содржат витамини и минерали вклучувајќи витамини Ц и К, фолати и калиум. Особено, зелката е преполна со антиоксиданти, вклучувајќи полифенолни соединенија и витамин Ц.




Антиоксидансите имаат моќни антиинфламаторни својства и помагаат во бор-бата против клеточното оште-тување предизвикано од нестабилни молекули наречени слободни радикали.




Всушност, една студија забележала дека зелката има повисоко ниво на антиоксидантна активност. Вклучувањето храна богата со витамини, минерали и антиоксиданси во вашата исхрана може да помогне да се намали ризикот од многу хронични состојби, како што се дијабетес и срцеви и невродегенеративни заболувања.




Од друга страна, марулата содржи речиси двојно повеќе од количината калиум што се наоѓа во иста количина на зелка. РЕЗИМЕ: Зелката е генерално побогат извор, но зависи од нејзината разновидност.

Кулинарски разлики помеѓу зелка и марула

Иако зелката и марулата изгледаат слично, тие имаат сосем различни вкусови и се користат на различни начини во кујната. На пример, зелката има посложена и крцкава текстура, додека марулата има воденкаст вкус.




Поцврстата текстура на зелката овозможува подобро да го издржува готвењето, како што е варењето и печењето, а од тие причини, зелката често се служи варена. Иако може да се готви, сепак се препорачува да се јаде сирува, исто како и марулата.

Како за крај, зелката и марулата имаат различни профили на вкус и кулинарска употреба. Зелката обично се служи варена или се користи во јадења со зелена салата, додека марулата обично се јаде свежа.

Ако барате поздрава опција од двете, изберете зелка. Различните сорти на зелка се исто така добра опција, но запомнете дека немаат сите еднаква нутритивна вредност. Зелката, вклучувајќи зелена и црвена зелка, е типично повисока во витамини, минерали и корисни растителни соединенија од марулата.

Сепак, имајте на ум дека зелката има различен вкус и текстура од марулата, така што може да не функционира добро во одредени рецепти базирани на зелена салата.