Доколку редовно се грижите за вашата кожа таа сигурно ќе ви возврати со ведрина и сјај. Доколку вашиот избор за нега на кожата е природен производ, тогаш немате причина за грижа. Наш предлог е да пробате нешто ново, односно една сосема природна намирница, а тоа е зелената салата.
Не само што е богата со витамините А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3 и Б6, туку содржи и многу калциум, магнезиум, железо и бакар. Затоа, искористете ги нејзините благотворни својства и направете препарат кој во претстојните сончеви денови ќе ви го нахрани лицето.
Лосион од зелена салата
Лосионот од зелена салата го ублажува црвенилото на кожата за кое е виновно сонцето. Покрај тоа, овој лосион е познат и како „бришач на акни“. Потребно е листовите од марула да ги готвите во вода, на тивко, околу час и половина.
Кога ќе ги процедите, листовите ги фрлате, но ја сочувувате добиената течност. Оваа течност се употребува како лосион, чиј рок на траење е три дена, но важно е да го чувате на темно и ладно место.
Лековитите својства на зелената салата
Латинско име: Lactuca sativa L. Опис: Зелената салата во сите поднебја е добро позната и многу нејзини сорти се култивирани. Време на цветање: од јуни до јули, но салатата како зеленчукова билка не смее да и се дозволи да цвета со исклучок ако намерно се остава за семе, или пак за да и се згусне млечниот сок наречен лактукариј.
Состав: Зелената салата содржи 95% вода, а останатото се витамини и минерали. Од минералите најмногу содржи калиум, калциум и натриум. Калиумот е користен за нервите, бубрезите и срцето, а го зајакнува и имуниот систем.
Калциумот е одличен за коските, мускулите и нервите. Натриумот ја регулира водата во организмот, од што зависи крвниот притисок, како и создавањето на желудечната киселина.
Покрај минералите содржи и бројни витамини: најмногу витамин Ц, витамин Е кој е природен антиоксидант, витамини А и Б2 кои се добри за очите, кожата и жлездите, потоа фосфор, железо, магнезиум, бакар, манган и цинк, елементи кои се неопходни за добро функционирање на мускулниот тонус и здравјето на кожата.
Некои видови салати со црвени листови се богати со бета каротен и мали количества горчливи материи кои се добри за варењето на храната и влијаат врз работата на црниот дроб и излачувањето на жолчката. Во 100 грама зелена салата има само 23 калории.
Употреба: Уште во 400 година п.н.е грчкиот поет Херодот го спомнал лактукаријот како лек. Во Франција и денес се употребува сокот од салатата под името „тридаце“ и важи за смирувачко средтсво, слично на опи-умот. Во последно време лактукаријот се користи против кашлица, за смирување на грчеви, астма, нервна напнатост и несоница.
Лековит дел од билката: Ако сакате да го исцедите сокот лактукариј, тогаш се употребува потполно израсната билка, а за исхрана се користи салатата додека сè уште се наоѓа во главица.
Лековито делување: лактукаријот се употребува за воспаление на очите: се натопуваат мали ткаенини па се ставаат врз очите како облога. За освежување на кр-вта, се користат зелените листови кои содржат хлорофил. Поради растителните влакна, се олеснува празнењето на цревата, па треба да се консумира при хроничен запек.
Редовно конс.умирање на зелената салата, може да придонесе за нормализирање на кр-вниот притисок, доколку не се упоребува многу сол во истата. Може да помогне при лекувањето на гихт, а исто така, го успорува и стареењето. Салата придонесува за мирен сон, а ова им било познато уште на старите Персијанци, Грци и Римјани.
Славниот поет Гален (129.-199.) напишал: „Кога почнав да стареам и кога сакав цврсто да заспијам, тоа можев да го постигнам само ако за вечера имав цел оброк салата“.
Кој е најхранливиот дел од зелената салата?
Таканареченото „срце“ не е најхранливиот дел од зелената салата-туку цврстите, надворешни, темно зелени листови. Имено, природната состојка нитрат во главицата од зелена салата се намалува од централниот дел кон надворешниот.
Бидејќи од здравствени причини внесот на нитрати преку исхраната треба да биде што помал, поради можното создавање на несаканите нитрозамини, многу штетни соединенија, внатрешните делови од салатата – кои особено се богати со нитрати (на пример, коренот на листот), за време на чистењето треба да се отфрлат.
Покрај малата количина на нитрати, надворешните листови на салатата имаат уште една предност. Тие содржат повеќе витамин Ц, кој е истовремено и најголемата пречка за создавање на нитрозамините.
СОВЕТ: покрај сцевината, добро е да се исфрлат и крајно последните листови, доколку на нив се забележи голема нечистотија или дамки. Листовите од зелената салата треба внимателно и добро да се мијат под силен млаз вода.