Иако не расте во нашите краишта, мангото е овошје кое заслужува големо внимание. Мангото е исклучително богат плод со антиоксиданти и многу важни нутриенти, а важно е да се истакне неговата содржината на витамин А.




Една шолјичка манго задоволува 25% од препорачаната дневна доза на овој витамин. Витаминот А е клучен за спречување на болестите на очите, како што се ноќно слепило и макуларна дегенерација.




Помага во сочувување на видот, го јакне видот и ги чува очите. Затоа, добро е повремено да изедете манго кое е достапно во подобро снабдените супермаркети. За ова овошје со право се вели дека е и храна и лек.




Манго му припаѓа на родот цветни растенија од семејството руеви. Опфаќа околу 69 видови, од кои најпознато е обичното манго или индиско манго. Тоа е вкусно егзотично овошје кое ја зголемува способноста на организмот да се бopи против pакот, срцевите заболувања и нарушувања на видот.




Мангото во својот состав има витамини од групата Б, А, Е, Ц и Д. Има цинк, манган, железо, фосфор во себе и помага за здравјето со сите минерали. Мангото во себе содржи и големо количество на каротеидни состојки (алфа каротен, бета-криптоксантин и многу други) кои можат да дадат одредена заштита од неколку видови на кан-цер.




Познато е дека каротенот, кој го има и во црвеното овошје и зеленчук, штити и од многу силното сонце и ја чува кожата од УВ-зраците. Витаминот А и бета-каротенот, исто така, се познати како состојки кои можат да го подобрат видот, додека витаминот Б6, кој исто така се наоѓа во плодот на мангото, помага за контрола на хемоцистеинот во к рвта.




Високото ниво на оваа аминокиселина е поврзано со зголемениот ризик од добивање на инфаркт или некое друго срцево забалување. Растворливите влакна на мангото го забавуваат ослободувањето на шеќер во к рвта. Сто грама свежо овошје обезбедуваат 765 мг или 25% од препорачаната дневна доза на витамин А.




Манго е плод богат со диетални влакна, витамини, минерали, и поли-фенолни соединенија. Истражувањата покажуваат дека потрошувачката на манго штити од paк на дебелото црево, лeyкемија и paк на простата.




Свежиот плод е богат извор на калиум кој е важна компонента на клеточните течности и помага за контрола на срцето и к рвниот притисок. Плодот е добар извор на витамин Ц и Е. Потрошувачката на храна богата со витамин Ц помага на телото да развие отпорност против инфективни заболувања. Бакарот во мангото помага за производство на црвени к рвни клетки.




манго
лупено манго, лушпи