Оваа торта почнав да ја правам секој ден, без печење само со јаткасти плодови. Свекрва ми ме научи да ја правам, а оттогаш сите ме прашуваат за рецепт. Ми здосади на сите да им одговарам поединечно, па решив рецептот да го споделам јавно. Се подготвува за 5 минути, а после само се чека во фрижидер да се стврдне.
![]()
![]()
![]()
![]()
Ние уште ја нарекуваме и кралска торта која се топи во уста. Ова е рецепт од неколку состојки кој секому успева од првпат, полесна торта за подготовка нема. Еве кои состојки ви се потребни за да ја подготвите:

![]()
![]()
![]()
![]()
Потребни состојки: 250 г суви сливи (во оригиналот се приготвува со суво грозје), 200 г ореви, 4-5 тортилји (мали тркалезни тенки лепчиња од пченкарно или пченично брашно, слични на палачинки), 500 мл слатка павлака (33-36% масленост), 2 лажици шеќер, 250 г маскарпоне или некое друго крем сирење.
И уште: 50 мл топла вода со 1 лажица шеќер и 1 лажица лимонов сок, ситно сечкани ореви и темно чоколадо за декорирање по желба. Тортата може да ја декорирате и на ваш начин.
![]()
![]()
![]()
![]()
Постапка: Сувите сливи (или сувото грозје) исечкајте ги на 2-3 помали парчиња во зависност од нивната големина. Потоа земете ги оревите и нив исечкајте ги што поситно, не мора да се блендираат. Користете кружен калап со флексибилен обрач во големина слична на тортилјите. Мојот калап беше малку помал и секоја тортилја ја скратив од страните за да одговара според димензиите.

![]()
![]()
![]()
![]()
Започнете со подготовката на кремот: 500 мл густа павлака излејте во подлабок сад и матете со миксер до погуста смеса. Потоа додајте 2 лажици шеќер и продолжете да матите до формирање на пенаста структура, слична на шлаг. Доколку павлаката е веќе слатка, додајте шеќер според вкус.





Тогаш додајте го маскарпонето или некое друго крем сирење и изматете сè заедно. Издвојте малку од оваа смеса настрана, отрпилика 2-3 лажици. Во поголемиот дел од смесата додајте ги сечканите парчиња суви сливи/грозје и оревите. Измешајте сè заедно. Во калап со флексибилен обрач поставете хартија за печење и на дното ставете една тортилја.

![]()
![]()
![]()
![]()
Тортилјата премачкајте ја со мешавината од топла вода, шеќер и лимонов сок и ставете 1-2 лажици од смесата со сливи и ореви. Потребно е смесата да ја поделите на 3 еднакви делови ако користите 4 тортилји или 4 еднакви делови ако користите 5 тортилји.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа одозгора ставате нова тортилја, повторно ја премачкувате со слатко-киселата вода и редите од филот. На овој начин постапувате се додека да ги потрошите тортилјите. Врз последната тортилја се премачкува со кремот кој го издвоивте на почетокот од постапката.

![]()
![]()
![]()
![]()

Ставете ја тортата во фрижидер да се стврдне неколку часа, а потоа декорирајте ја по желба. Јас од страните ја премачкав со уште малку фил и ставив ситно сечкани ореви, а одозгора наросив со ситно сечкано/рендано темно чоколадо. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.































