Помеѓу другото, консумацијата на хелдиниот леб ќе ви помогне полесно да ослабете и да го решите проблемот со констипација. Вашите црева ќе започнат редовно да се празнат и ќе се ослободите од подуеноста во стомакот.

Хелда е исклучително здрава житарица богата со растителни влакна. Една шолја хелдино брашно содржи речиси половина од препорачаната доза на диетални влакна. Доколку имате проблем со дигестија на глутен, ова е вистинското решение за вас.

Повеќето од овие влакна се нерастворливи, што значи дека ќе поминат низ цревата и како четка ќе ги исчистат од заостанатиот отпад. Но, хелдата содржи и растворливи диетални влакна кои придонесуваат за одржување на нормалното ниво на шеќерот и холестеролот во крвта. Поради тоа, хелдиниот леб има помал гликемиски индекс од пченичниот.

Консумација на хелдин леб ќе помогне во одржување на нормалната телесна тежина и отстранување на констипација. Богат е со хранливи материи, како што се минералите: жечезо, фосфор, калиум, цинк, бакар и манган. Особено е добро што една шолја хелдино брашно содржи 75% од препорачаниот дневен внес на магнезиум – микроелемент кој најмногу им недостига на луѓето со стандардна западна исхрана.

Со хелдино брашно може да се приготвуваат палачинки, кори за баклава, погача, леб и други печива.

Потребни состојки:

450 г хелдино брашно
10 г сув квасец
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
2 лажици масло
250 мл млака вода

Постапка:

Во длабок сад за месење ставете хелдино брашно, квасец, сода, сол и шеќер. Измешајте со лажица, па додадете вода и масло. Замесете со миксер со спирални продолжетоци за тесто.

Тестото треба да биде лепливо, тоа нека не ве збунува, но немојте да му додавате уште брашно. Оставете го да стасува 30 минути.

На набрашнета површина истресете го стасаното тесто и нежно премесете го. Во тркалезна тепсија обложена со хартија префрлете го тестото и оставете го да стасува уште половина час. Печете го во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.