Здрав колач без глутен и шеќер…вкусен, а брзо се прави, одличен за секој ден…Потребни ви се само неколку состојки кои веќе ги имате в кујна…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

120 г овесни снегулки
250 мл топло млеко
2 банани
2 јајца
4 супени лажици какао во прав (45 г)
1 супена лажица прашок за печиво
75 г ореви

ПОСТАПКА:

1.Потопете ги овесните снегулки во врело млеко и оставете ги да набабрат 10 минути.

2.Две големи банани испасирајте ги со виљушка и додајте ги во овесните снегулки. промешајте.

3.Во смесата додајте какао и прашок за печиво, а потоа додајте ги и јајцата. Сето убаво изедначете го.

4.Смесата сипете ја во помал калап претходн намастен. Израмнете и одозгора посипете ги сечканите ореви.

5.Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 40 минути.

6.Декорирајте со растопено чоколадо. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/yhC2XMbzDCk?si=5gj7uHIIEFeQ68Sb