Проблемот не секогаш доаѓа од местото на б олка. Човечкото тело е направено така што сè во него е поврзано. Со оглед на тоа што во грбот има најмногу нервни завршетоци, преку нив орга-ните испраќаат сигнали за предупредување кога нешто не е во ред.

Б олката во грбот често прикрива многу посериозни здравствени проблеми. Проблем со бубрезите, бешиката и со жолчката, многу лесно може да се помешаат со б олки во грбот, особено кај жените.




Бубрежен камен. Константна б олка во еден дел од грбот, која се шири кон стомакот или препоните, при мокрење (или појава на к рв во урината), може да биде знак за бубрежно каменче.

фото илустрација / Shutterstock

Тој се јавува како резултат на наталожен калциум и фосфор, а најчесто е последица е недоволен внес на вода и преголем внес на протеини. Исто така, голема улога игра и генетиката, па така некои луѓе се поподложни на бубрежен камен од некои други.




Воспаление на бубрег. Ако покрај б олка во грбот се јавува и зголемена телесна температура, таквата состојба може да укажува на воспаление на бубрег. Таа б олка најчесто се јавува во долниот дел од грбот, а се шири над карлицата и на препони. Шестпати почесто се јавува кај жените отколку кај мажите.




Воспаление на панкреас. При воспаление на панкреасот, освен б олка во долниот дел од стомакот, повраќање и мачнина, може да има б олка во грбот. Таа б олка може да биде ненадејна и да се шири од стомакот кон грбот, а најчесто е последица на акутно или хронично воспаление.

До воспаление доаѓа поради претерано уживање во алкохол или поради застој на жолчката. Најчесто ги погодува постарите луѓе и оние во средни години.




Камен во жолчно кесе. Иако не наведува на жолчка, б олката во грбот заедно со б олка во стомакот и рацете, мачнина и б олка при дишење е симптом за жолчен камен или воспалено жолчно кесе.

Жолчно кесе настанува кога во црниот дроб се создава помеќе холестерол или телото послабо го обработува, со што доаѓа до пореметување на односот на жолчната киселина и жолчката.




Кон ова придонесуваат и воспалителните процеси и инфекциите на жолчната кеса, застој во жолчката и промени во рН. Ваков проблем најмногу имаат дебелите жени над 40 години, а голема улога игра и генетиката.

Инфекција на уринарен систем. Инфекцијата на мокрачните патишта е најчесто предизвикана од бактерија, а може да биде и последица од иритација од дијафрагма, тампон или претесна облека.




Се манифестира како бо лка при мокрење, б олка во долниот дел од грбот и во стомакот. Најчесто ги погодува жените, а се лекува со антибиотици, но доколку не се излекува, може да доведе до воспаление на бубрезите.

грб, баба




Дури и некои стоматолози препорачуваат да одите на стоматолог доколку почне да ве боли грбот. Иако ова звучи смешно и нелогично, всушност состојбата на усната шуплина влијае врз општата состојба на целото тело. Анатомски, задниот дел на черепот се поврзува со првиот вратен прешлен, а сводовите на забите ја одржуваат тежината на главата.




Прилично големата тежина на главата е рамномерно распоредена на забите. Најсилните заби наречени катници го носат најголемиот товар, а предните заби се најтенки затоа што служат само за загризување на храната.

Најголемиот товар го носат катниците, и затоа првите катници се поголеми, а кон внатрешноста стануваат се помали и помали. По овој редослед, тежината на черепот се распределува врз нив.




Ако забите имаат непросечна висина поради малкоклуција, лошо поставени пломби или отсуство на заби, тежиштето се менува. Притисокот се пренесува врз другите заби, а неправилното држење на главата предизвикува одредени деформитети во држењето на телото.

Ако неколку од забите ви се расипани или ви недостасуваат, тогаш тежиштето на главата не лежи целосно на забните лакови и ја става својата тежина на ‘рбетот, што предизвикува компресија врз него.




‘Рбетниот столб, доживувајќи постојан товар, почнува да се деформира, а тоа се манифестира со разнa патологија – искривување, нерамни краеви, вршење притисок врз внатрешните орга-ни, артериите или ‘рскавичното ткиво. Како резултат на овие компресии, се јавуваат синдроми на б олка и хронични болести.