Една домаќинка, Наталија Тодоровиќ сподели рецепт за домашни таблети за чистење на садовите, но и на самата машина за миење садови. „Од лесно достапни и природни состојки ќе се ocлободите од тeшкитe xeмии кои ги содржат таблетите кои се продаваат по продавниците“, вели таа.




Многу од коментарите беа позитивни, особено беа изненадени домаќинките кои дадоа уште неколку свои дополнителни совети. Наталија објави дека покрај овие таблети, понекогаш користи и специјална сол за машината за садови, што се става на дното од машината, а тоа го прави на секои 7-10 дена.




Но, кога ги прави овие таблети, користи природна сол. Потоа многу од домаќинките се пожалија дека се обиделе да ги направат таблетите, но процесот бил неycпешен бидејќи уште на почетокот постојано се создавала пена. Наталија објасни каде грешеле, односно дека процесот треба да се одвива постепено и бавно кога се додаваат состојките.




РЕЦЕПТ. Еве што ви е потребно за 18 таблети за миење садови: 100 г сода бикарбона, 100 г лимонтус (лимонска киселина), 100 г сол, сок од 1 и пол лимон, обичен калап за мраз.




ПОСТАПКА: прво измешајте ги сувите состојки, односно сода бикарбоната и солта, а потоа постепено додавајте го сокот од лимон (не наеднаш) и константно мешајте бидејќи ќе започне да пени. Смесата треба да изгледа како што е прикажано на видеото подолу.




Смесата веднаш излејте ја во калапот и потоа добро притиснете со прстите. Таблетите се оставаат во замрзнувач да отстојат преку ноќ, а потоа се чуваат во фрижидер. Една таблета се користи за едно перење. Исто така таблетите треба да одговараат на големината која што е наменета за таблети во машината.




Наместо сјај користам алкoxoлен оцет (9%) и го додавам на секое трето перење. Секогаш перам на 70 степени, на брзо перење. Бонус совет: Кога правам лимонада, половина од лимонот го ставам во машината за стаклените садови да заблескаат.




Важно е само лимонот и сода бикарбоната да ги мешате непрекинато, а лимонот да се додава постепено за да може да се направи погуста смеса, наместо постојано да пени.




Совет плус: За заштеда на енергија секогаш вклучувајте ја машината на еко програмот. Иако брзото перење изгледа економично, не е баш така. Еко програмот трае подолго, но водата се загрева поспоро што всушност штеди на kW.




А сите знаеме како е сега струјата поскапа. Деталите од правењето на таблетите може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.