Зелката е зеленчук од семејството Brassica и има широк спектар на лековити својства.

Изобилува со фундаментални хранливи материи и минерали кои се од суштинско значење за вашето општо здравје.

Зелката е богата со витамин Ц, А и Д, а од минерали најмногу калиум, како и диетални влакна, а помага и во детоксикација на црниот дроб.

Ако јадете почесто зелка ќе забележите дека кожата ви станува поеластична а вие изгледате помладо.

Освен внатрешно, зелката лекува и надворешно: го намалува црвенилото на кожата, третира разни проблеми со кожата како дерматитис, воспаление на кожа, псоријаза и други помали повреди.

Постојат повеќе видови зелка кои имаат свои специфични особености.

ЦРВЕНА ЗЕЛКА

Црвената или виолетовата зелка е малку подебела од зелената и има малку посладок вкус од зелената. Богата е со многу лековити состојки.

ЗЕЛЕНА ЗЕЛКА

Зелената зелка е најраспространетиот вид зелка. Содржи цела палета од хранливи материи и минерали и затоа често се користи за приготвување на најразлични варива, чорби и други јадења.

КИНЕСКА ЗЕЛКА

Бок Чој (кинеска зелка) има овална форма, зелени листови со бели гранчиња и е богата со основни хранливи материи и минерали.

РЕЦЕПТ (потребни состојки):

-Алуминиумска фолија
-Газа
-Црвена или зелена зелка

Постапка:

Извадете го најдобриот зелен слој од лисјата и добро измијте го со вода, па оставете го да се исуши пред да го отстраните тврдиот дел.

Со помош на оклагија поминете врз листовите кои претходно сте ги ставиле врз проѕирна фолија.

На тој начин листовите ќе се изгмечат, ќе се пробие надворешната мембрана и делумно ќе ги испуштат соковите.

Листовите нанесете ги директно врз зглобот, убаво како да завиткувате со завој. Фиксирајте со проѕирна фолија.

Оставете да делува еден час а потоа променете ја облогата. Повторете ја постапката 2-3 пати дневно, до смирување на тегобите.

Доколку постои оток, листовите пред да ги нанесите малку нека отстојат во фрижидер.