Без разлика на тоа колку се обидувате да го задржите позитивниот став, честопати се случува да се најдете во друштво со негативни лица – лица покрај кои многу е тешко да се задржи смиреноста и оптимистичкиот поглед на светот.

Иако е доста тешко да се задржи позитивната состојба на духот кога сте опкружени со „негативци“ тоа, сепак, е изводливо. Ова се неколку добри тактики кои можат да ви помогнат во тоа.

1.ФОКУСИРАЈТЕ СЕ ВРЗ СЕБЕСИ

Кога сте соочени со туѓиот негативен став, една од најдобрите работи кои можете да ги направите е да се фокусирате врз себеси. Без разлика на тоа што велат другите или прават, вие можете да го контролирате своето однесување така што себеси ќе си ги поставите следните прашања:

-Како реагирам на оваа ситуација?

-Како можам оваа ситуација да ја направам позитивна?

Не можете да ги контролирате реакциите на другите луѓе, но секогаш можете да го контролирате она на што ќе се фокусирате и како ќе реагирате.

2.СМЕНЕТЕ ЈА ВАШАТА РЕАКЦИЈА

Уште една одлична тактика за постапување со „тешки“ лица е тактиката од спротивна реакција. Кога некој се однесува на негативен начин, обидете се да се однесувате спротивно на тоа. Како пример, доколку некој е песимистичен, бидете оптимистични.

Кога ќе се одлучите на позитивна реакција, позитивно и ќе се чувствувате.

3.НЕ СФАЌАЈТЕ СЕКОГАШ ЛИЧНО

Понекогаш можеби ви е тешко да бидете објективни, но во голем број случаи негативноста на другите луѓе не е секогаш насочена кон вас лично.

Можеби негативното лице има лош ден или лош период во животот или пак во моментот е под голем стрес за кој вие не знаете.

Многу е тешко тоа да се знае, па дури и да се претпостави со сигурност што точно се случува во нечија глава.

Затоа, навистина е корисно и мудро да не ја сфаќате секоја негативна акција дека е насочена лично кон вас.

4.НЕВИДЛИВА НАМЕТКА

Доколку не можете никако да се одбраните и заглавени сте со негативното лице кое неизбежно е во ваша непосредна близина, тогаш ќе ви помогне следниот трик: визуелизирајте невидлива наметка! Замислете си дека сте облекле наметка која може да ве направи невидливи.

Додека сте во присуство на лицето (на пр. колега со кој делите иста канцеларија), облечете ја оваа невидлива наметка и замислете дека ништо што излегува од тоа лице не може да допре до вас.

Најпосле, можете да го употребите и стариот обичај на нашите баби: станете, пуштете вода да тече и ставете ги дланките под млазот – да ја испере сета негативна енергија од вас : – )