Во природната медицина народот ја користи смоквата против опстипација и регулирање на работата на цревата, забоболка, отоци, кашлица, брада-вици, воспалено грло, чирови и г нојни апцеси. Во некои земји од млечниот сок се прави посебен вид сирење кое е наменето за доилки кои останале без млеко.




Во продолжение можете да прочитате неколку рецепти од природната медицина кои најчесто се користат за решавање на најразлични тегоби, од регулирање на работата на цревата, до зуење во ушите и бактерија во желудник.




НАПИТОК ЗА ЈАКНЕЊЕ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ. Потребни состојки: 1 литар црно вино, 1 рака суви сомелени смокви (или ситно исечкани), 1 рака мелен рогач (го има во продавници за здрава храна или поголеми супермаркети), 2-3 каранфилчиња и малку мед или шеќер по вкус




Постапка за приготвување: се ставаат сите состојки на оган да проврие 10-тина минути, се остава да излади и се складира во стаклено шише кое се чува во фрижидер. Се пие по 80 мл трипати дневно.




ЗУЕЊЕ ВО УШИТЕ (Тинитус). Потребни состојки: 20 г синап, 200 г суви смокви. Се меле семето и се меша со изблендирани суви смокви. Со добиената каша се мачка врз парче газа и се става како облога врз увото.




НЕГА НА КОСА. Смоквите поттикнуваат раст на косата и ја негуваат. Во шампонот или регенераторот ставете неколку капки масло од смокви, оставете да делува 5 минути па исплакнете.




ДОМАШЕН ЛИКЕР ОД СМОКВИ. Потребни состојки: 1 кг свежи смокви, 1 литар лозова ракија и 500 г шеќер или мед. Постапка: Смоквите наредете ги во стаклена тегла и прелијте ги со ракија.




Затворете со ленена крпа и оставете две седмици на топло, па процедете. Растопете го шеќерот на оган со малку вода да добиете густ сируп, па додајте го во процедената ракија. Добро промешајте, повторно прелијте преку смоквите и затворете. После една седмица ликерот ќе биде готов.




ПРОТИВ КАЛУСИ (ЖУЉЕВИ). Неколку пати дневно се три-е местото со свежи листови од смоква на проблематичното место. Потребно е да се намачка и со млекото што го испуштаат листовите или плодот. Ова се прави во доцна пролет, лето или рана есен.




ПРОТИВ ЗАПЕК. Потребни состојки: 3-4 суви смокви, 3-4 суви сливи и 200 мл вода. Постапка: исечете ги сувите смокви и сливи и прелијте ги со водата. Оставете да отстои преку ноќ. Наутро процедете, испијте ја водата а плодовите изедете ги.




АФТИ. Против непријатните афти, џвакајте 2-3 млади и понежни листови од смоква, а потоа исплакнете ја устата со вода. Освен што се елиминираат инфекциите во устата, се добива и многу пријатен и свеж здив.




ЗА ГРЛО. За да се ослободите од непријатното гребење во грлото, измешајте три суви смокви, мед и топла вода. Со врела вода прелијте ги ситно исечканите суви смокви, па варете уште 5 минути. Овој напиток пијте го во текот на денот.

ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЦИРКУЛАЦИЈАТА. Натопете неколку смокви во млеко одвечер, а наутро изедете ги наместо појадок.

ПРОТИВ Г НОЈНИ КЕСИ НА НЕПЦАТА. Смоквата пресечете ја на два дела, ставете ја во сад и прелијте ја со млеко колку да се прекрие. Варете неколку минути, а потоа смоквата ставете ја како облога на б олното место. Постапката се повторува 2-3 пати, по што п ука г нојната кеса.

ЗА ЖЕЛУДНИК, ХЕМОРОИДИ, ХОЛЕСТЕРОЛ, АНЕМИЈА, АСТМА, БРОНХИТИС, НЕПЛОДНОСТ. 30-40 суви смокви (исечкани) наредете ги во тегла и до врв прелијте со маслиново масло. Затворете и чувајте во фрижидер еден месец. После тоа се јаде по една смоква пред секој оброк со малку од маслото.

Б РАДАВИЦИ. Се мачка со млечниот сок од смоквиниот лист кога ќе се скине.

ЧАЈ ЗА БРОНХИТИС, ЦИРОЗА НА ЦРН ДРОБ, КОЖНИ ПРОБЛЕМИ, ВИСОК ПРИТИСОК, ДИЈАБЕТЕС. Две лажички лист од смоква се прелива со 200 мл врела вода, се остава поклопено 10 минути, се процедува и се пие наутро со појадок.

ВИНО ОД СМОКВИ. Потребни состојки: 1 кг суви и меки смокви, 10 смрекинки, 10 литри вода и 1 буре во кое ќе се приготвува виното. Постапка: Сите состојки се ставаат во дрвеното буре и се затвораат со дрвен капак или ленена крпа. Се остава 10 дена. После ферментацијата се процедува и се складира во стаклени шишиња. Се користи после седум дена и се чува во фрижидер.

ДОМАШЕН ПИЛИНГ НА ЛИЦЕ И ТЕЛО. Потребни состојки: 1 лажица шеќер кристал, 2 лажици свежо исцеден сок од портокал, 1 испасирана со виљушка свежа смоква и неколку капки маслиново масло. Постапка: сите состојки се машаат и се користат како  пилинг еднаш седмично.

ПОДОЧНИЦИ. Свежа смоква пресечете ја на половина и како облога нанесете ја на очните капаци, 20 минути.

ИЗГО РЕНИЦИ И Р АНИ. Сварете сува смоква во млеко или вода, изладете ја и пресечете ја на половина, па  ставете ја на зафатеното место како облога.

НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.

Изјава за одрекување од одговорност:

Оваа содржина, вклучувајќи ги и советите, дава само генерички информации за здравствените придобивки на одредени природни производи. Ова во никој случај не е замена за квалификувано медицинско мислење. Секогаш консултирајте се со специјалист или со вашиот матичен лекар за повеќе информации. NMD.mk не презема никаква одговорност за овие информации.