Голем број луѓе имаат еден заеднички проблем, а тоа е вишок на масно ткиво во пределот на стомакот кој навистина го нарушува изгледот на фигурата и поради кој многумина ја губат самодовербата во себеси. Но, не е само естетскиот проблем, туку и здравствениот.
Последните истражувања потврдија дека преголемото таложење на масно ткиво во пределот на стомакот го зголемува ризикот од појава на сериозни здравствени состојби како што се атеросклероза и висок крвен притисок, односно појава на срцев или мозочен у дар.
Во продолжение можете да го прочитате искуството на една читателка, како таа ја вовела диетата со суви сливи и какви се нејзините впечатоци и искуството. Можете да го прочитате и нејзиниот план на исхрана. Главната намирница која е одговорна за брзото топење на вишокот килограми – се сувите сливи.
Сливите се полни со хранливи состојки кои ги штитат коските и го подобруваат целокупното здравје. Тие се можеби една од најважните намирници за здраво стареење. Иако содржат пристојна количина овошен шеќер, сувите сливи исто така се преполни со влакна кои ја успоруваат апсорпцијата на шеќерот во кр-вта.
Со други зборови, не треба да се грижите за тоа дали ова суво овошје ќе го покачи шеќерот во кр-вта, бидејќи влакната се погрижуваат да не се случи такво нешто. Влакната исто така помагаат при опстипација и други тегоби поврзани со дигестијата, како што се хемороидите, а кои се честа појава кај постарите лица.
Тие исто така ја зголемуваат количината на корисни бактерии во цревата, што може да придонесе за намалување на вишокот килограми, а докажано е дека поттикнуваат подолготрајно чувство на ситост. Порција од само половина шолја од ова овошје содржи 6 грама влакна, што е поприлична доза од овој важен нутриент.
Исто така, содржат и други неопходни хранливи материи како што се калиум (кој помага во варењето и регулирањето на крвниот притисок) и витамини А, К, Б6, како и нијацин и железо.
Кога станува збор за здравјето на вашите мускули и коски, сувите сливи се одличен додаток во исхраната, бидејќи содржат бор, минерал кој е неопходен за изградба на коските и мускулите.
Една студија открила дека консумирањето на сливите спречува губиток на коскена маса кај жените во постменопаузата, што е состојба која и претходи на остеопорозата. Учесничките во истражувањето јаделе само по 6 сливи дневно.
Второто истражување покажало исто така, дека консумирањето на суви сливи го намалува негативниот ефект од зрачењето на коскената маса, така што лицата кои се на ваков вид лекување (со зрачење), треба задолжително да јадат суви сливи.
Бидејќи изобилуваат со железо, сливите се покажале и како одличен сојузник на убавината. Недостигот на железо, кој е многу чест кај повозрасните жени, предизвикува оксидативни оштетувања на кожата, што доведува до повеќе брчки, ситни линии и општо пропаѓање на кожата. Истото се случува и со косата. Потребно е само секој ден да изедете по 5 суви сливи и многу брзо ќе ги забележите промените!
РЕЦЕПТОТ кој речиси сите го знаете и го применувате кога имате опстипација или сакате да ослабете е следниот: Земете еден сад кој херметички се затвора, па во него ставете 100 грамови суви сливи и прелијте ги со еден литар млака вода.
Затворете го садот и вака оставете го да отстои околу седум денови на ладно, најдобро во фрижидер. По изминатиот период изблендирајте ги сливите, добро измешајте ја смесата и по желба процедете ја низ газа (не е задолжително, но кој сака, може).
Течноста, односно лекот се складира во стаклено шише или тегла и се чува во фрижидер. Секое утро 20-тина минути пред појадок, односно на гладен стомак треба да се испие по една чаша од овој лек (200-300 мл). Ефектите се загарантирани и брзо видливи. Најдобро делува ако пред лекот се испие 600-700 мл вода на гладно.
Искуство: Со диетата со суви сливи ослабев 18 кг за три месеци
Со оваа диета се слабее 1 кг дневно. Многу е ригорозна но дава одлични резултати. Уште на самиот почеток, мора да знаете дека оваа диета спаѓа во јојо-диетите, па доколку не внимавате, лесно може да ги вратите назад изгубените килограми.
Според искуството на читателката која ни ја испрати оваа диета:
„Оваа диета ја држев после првата бременост. Ослабев 18 кг за три месеци. Несакам да навлегувам во тоа колку е здрава оваа диета, но дека си ја врши својата работа, тоа можам да гарантирам. Јас лично не сум ја држела повеќе од 5 дена, и тогаш знаев да паузирам од 3-7 дена. За тоа време додека паузирав ми се враќаа назад околу 2 кг. Течности не пиев многу освен кафе, но немав ни потреба. Вежби правев секојдневно по отприлика 15-тина минути.“
ДИЕТА СО СУВИ СЛИВИ (пример мени за еден ден)
За појадок: 6 суви сливи. Околу 10 часот: 1 јаболко. За ручек: 1 тврдо варено јајце и една виршла. За ужина (околу 16 ч.): 1 јајце и една виршла. За вечера околу 18 часот: 1 јогурт (250 мл). Напомена: виршлата можете да ја замените со бело немасно месо.