Во Библијата се нарекува дрво на животот, а древните Египќани први го користеле во медицински цели.
Оваа драгоценост во светот на флората помага при најшироката лепеза од здравствени тегоби, а од него многу лесно можете да направите лековит напиток.
Таткото на медицината Хипократ препорачувал концентрат од маслинови листови за заболени од разни состојби.
Лековитоста на маслинката се споменува во Библијата во која се нарекува „дрво на животот“, но многумина луѓе се’ уште не се целосно запознати со моќите на маслиновиот лист кој се користел веќе 3 500 години.
Истражувањата откриваат дека маслиновиот лист поседува антивирусни својства и може да делува подобро од фармацевтските антибиотици.
Делување на екстрактот од маслинов лист:
1. Го зајакнува имунолошкиот систем
2. Спечува вирусни болести како што е грипот
3. Олеснува болка во грло, синуситис и воспаление на белите дробови
4. Лекува болести како артритис, псоријаза, хроничен умор и настинки
5. Делува како антимикробен агенс за подигање на имунитетот и при лекување на рак
6. Делува антибактериски и противгабично при атлетско стапало, габички на нозе, габични
7. Спречува остеопороза
8. Помага при слабеење
9. Го одржува менталното здравје
Маслиновото гранче е познато како симбол на мирот, па не зачудува што чајот од маслиновиот лист делува смирувачки, опушта и благотворно делува врз општото здравје.
Овој чај успешно се бори против здравствените болки предизвикани од грип, херпес, атеросклероза, инфекција на уринарните патишта, хепатитис Б, дијабетес и др.
Состојки за лековитиот чај од маслинов лист:
15-20 суви листови од маслинка
2200-300 мл вода
Постапка:
Листовите ставете ги во зовриена вода и варете ги уште 10 минути. Потоа, тргнете од оган и оставете да излади 15 минути. По желба додадете лимонов сок и мед за да го збогатите вкусот.
Совет: за маскимален ефект, чајот од маслинов лист консумирајте го редовно неколку седмици.