Сè што ќе ви биде потребно за да го приготвите овој рецепт, веќе го имате во кујната. Доколку нешто ви недостига, побрзајте и снабдете се од најблискиот зелен пазар со свежи и здрави намирници.
Во период на вируси и со почеток на сезонскиот грип, потребно е што поскоро да го зајакнете имунитетот.
Овојпат ви претставуваме еден домашен напиток чии главни состојки се две билки кој се докажани во борбата против инефктивните болести, а тоа се лукот и ѓумбирот. Постапката за приготвување е многу едноставна бидејќи сè се става во блендер, а единственото време кое ќе го потрошите е она на миење и лупење на намирниците.
Потребни состојки: 4 чешниња лук, 20 мл маслиново масло, 3 лажици мед, 1 лажичка оригано, 1 лажица сечкани или мелени ореви, 2 лажици рендан свеж ѓумбир и 1 лажичка куркума во прав
Постапка: Ѓумбирот измијте го, излупете со и изрендајте го на поситно ренде оревите исечкајте ги или сомелете ги. Лукчињата излупете ги и исечкајте ги. Сите состојки освен медот ставете ги во блендер.
Миксајте додека да добиете изедначена смеса, а доколку е суво на почетокот и поешко оди блендањето, додадете сосем малку вода колку што сметате дека е биде доволно.
Добиената смеса помешајте ја со медот и добро промешајте. Смесата складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. Употреба: Секое утро по една лажичка од овој природен лек за јакнење на имунитетот, најдобро на гладно.